Љубителите на театарската уметност во Прилеп оваа недела ќе можат да погледнат 2 претстави, од кои едната е гостување од друг театар и една од домашниот репертоар.
На 17 ноември, вторник со почеток од 20 часот ќе се одигра претставата „Свињи“ од театар „Златен Елец“ и ЦК од Битола во режија на Тамара Стојаноска.
Претставата не се обидува да осуди, туку да разбере. Таа истражува како осаменоста, тарумите од детството, недостатокот на љубов и емпатија, како и наследените модели на однесување го обликуваат човекот.
На 19 ноември, четврток со почеток од 20 часот публиката ќе може да ужива во „Девојките на Марко“ од театар „Војдан Чернодрински“, во режија на Синиша Евтимов.
Претстава за ведрата страна на животот, за оние мали искри во секој од нас кои го стартуваат „joie de vivre”. За пријателството, и неговото значење во моментите кои го одредуваат патот кон остатокот од животот.
Влезници може да се резервираат на тел. 076 442 378, а истите може да се купат од билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 10:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот секој работен ден.