ВИДЕО- Младите од Прилеп ја симулираа работата на ЕУ Парламентот и учеа како функционира демократијата

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Над 200 ученици од Прилеп во големата сала на општинската зграда ја симулираа работата на Европскиот парламент. Тие беа поделени во партии, секој со свои различни целни задачи, дебатираа и учеа како да ги бранат своите ставови. Организатор на настанот кој за прв пат се организира во Прилеп и Македонија е Младинскиот совет од овој град. Целта е младите кои во иднина сакаат да се занимаваат со политика да научат и да видат како функционираат демократските општества и парламенти надвор од Македонија.

„Целта ни е да ги едуцираме младите како функционира ЕУ, кои се институциите, како се носат одлуките во ЕУ, што е она што ЕУ гради какос став и низ кои процеси тој став мора да помине. Вежбајќи и применувајќи ги методите на симулацијата на Европскиот парламент, ќе правиме и симулација на Советот на ЕУ, сакаме младите луѓе да станат свесни дека одлуките кои се носат во рамки на ЕУ поминуваат низ процес на демократски разговори, да ги научиме на дебата, да ги научиме на аргументи и да ги научиме на истражување“, изјави Зоран Илиески, Младински совет Прилеп.

 Младите кои беа дел од настанот беа поделени по различни функции, пратеници, претседавачи, ПР служба и сите други тела и органи кои ги има ЕУ Парламентот. Секој тим имаше своја теза која што требаше да ја брани пред другите тимови.

„Идејата е за подобра иднина на сите нас, разгледувавме различни ставови и мислења и склопивме едно наше мислење кое сметаме дека би било подобро за самите нас. Децета на денешницава се многу зависни од социјалните мрежи и самите социјални медиуми, така да денес на оваа симулација зборуваме токму за тоа прашање. Ние го застапуваме ставот да нема годишна граница според која би се воделе децата на социјалните мрежи, сметаме дека треба да биде отворено за сите, со поголема родителска грижа и поголем надзор“, рече Данило Јовановски, учесник на симулацијата за ЕУ Парламент.

 

„Младите се солидно запознати, јас сум тим лидер на еден поголем тим од економско училиште, ги запознавме колку толку со законските регулативи и со процесите кои функционираат во ЕУ, но се разбира дека има простор за корекции и за нови искуства и учења. Запознати се со телата како претседател, комисии, Советот на ЕУ и другите советодавни тела на ЕУ“, додаде Матеј Трајкоски, учесник на симулацијата за ЕУ Парламент.

 

„Со нашата улога ние го претставуваме прес тимот во оваа симулација, нашата улога е да ги земаме мислењата и исказите, да ги собираме од нашите соученици како што се спремиле, своите говори што ги спремиле и на крајот треба да претставиме како поминал и завршил овој ден, да ги прикажиме успесите од сите околу нас и да покажеме сите како се спремавме за овој ден“, истакна Ѓеоргина Талеска, учесник на симулацијата за ЕУ Парламент.

Според македонските политичари овие настани се особено важни за да младите уште од помала возраст научат за европските вредности и како треба да функционира општествениот систем кај нас за да имаме поголема демократија.

„Сметам дека Прилеп има навистина светла иднина по однос на политичката сцена, ако од мали ги едуцираме младите луѓе како треба да се однесуваат и кои норми треба да ги почитуваат во понатамошниот живот, односно во вклучувањето на политичкиот живот во градот и во државата се разбира. Сметам дека ова е вистинскиот чекор. Информацијата која што е клучна за денес и сметам дека треба да се испрати до прилепската и до македонската јавност е дека ова за прв пат се случува во Македонија и за прв пат се случува во Прилеп, како што градот заслужува сѐ да се случува по прв пат. Заслужува од проста причина што има луѓе ентузијасти кои се спремни на доброволна основа да организираат вакви настани и да соберат 200 млади кои треба да ги едуцираат во име на европските правила, вредности и норми, а преку тоа да ги едуцираме како треба ова општество во иднина да изгледа“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Од Младинскиот совет Прилеп најавуваат дека и во иднина ќе организираат вакви настани за тоа како функционираат институциите во ЕУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци