Шумската полиција од Прилеп продолжува со континуирани и засилени контроли на терен, при што и во изминатите часови се реализирани повеќе акции на различни локации.
Денес (17.11.2026 година), кај воените магацини под Вештачкото Езеро во Прилеп, одземени се три запрежни возила – двоколки, натоварени со по околу 1 м³ зелени брестови и дабови огревни дрва.
Претходно, ноќеска околу 02:00 часот, на место викано „Поводеници“, одземено е уште едно запрежно возило натоварено со околу 1 м³ зелени дабови огревни дрва, од лица кои вршеле бесправен транспорт.


Исто така, вчера (16.11.2026 година), во с. Секирци, пронајдени и одземени се дополнителни 1 м³ бесправно складирани зелени дабови огревни дрва.
Сите одземени дрва и средства се предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, а против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските прописи.


АПЕЛ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА – ПРИЛЕП
Ги охрабруваме граѓаните да пријавуваат секоја сомнителна активност, бесправна сеча, нелегален транспорт и складирање на огревни дрва. Вашите пријави и соработката со граѓаните се од огромно значење. Само заедно можеме повеќе и можеме да го спречиме уништувањето на нашето шумско богатство. Шумската полиција од Прилеп продолжува со уште позасилени контроли, во текот на денот и ноќта. Законот важи за сите, без исклучок!