Наместо кон „Кафасан“ Албанија ќе гради автопат кон Дебар

Facebook
Twitter
Email
Print

Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика го потпиша договорот за изградба на автопатот „Патот на Арбр“, со кој меѓународниот патен Коридор 8 би се поместил од граничниот премин „Кафасан“ на преминот „Блато“ кај Дебар. Автопатската врска ќе се гради во наредните три години и ќе чини 240 милиони евра. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Ѓока конструсион“.

 

Со автопатското поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се овозможи скратување на досегашната патна врска за околу 100 километри од албанска страна.

 

Иако со новиот проект ќе се намали времето на патување меѓу Тирана и Дебар, тој ќе отвори сериозни проблеми за македонската влада во иднина. Во изминативе години се гради автопатска делница од Кичево до Охрид, а финансиски заем веќе е подигнат и за автопатската делница Требеништа до Охрид. Всушност, нашата земја во изминативе неколку години работеше на реализација на старата траса од патниот Коридор 8, со кој автопатското поврзување меѓу двете земји беше предвидено на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга.

 

Новиот автопат од Дебар кон Гостивар би минувал низ Националниот парк „Маврово“, со што би се појавила опасност од уништување на богатиот диверзитет во овој дел од земјава. Неколку енергетски проекти беа прекиинати во изминатииве годиини токму поради опасноста од уништување на природата на територијата на општините Маврово и Дебар.

 

Сепак, најголемиот предизвик за идниот проект би биле стотиците милиони евра што ќе треба да ги одвои нашата земја за планирање и изведба на втора автопатска делница од Гостивар до Дебар, која би требало да се гради паралелно со веќе планираниот автопат од Гостивар до Кичево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи