ВИДЕО – По 5-ти пат во Крушево се одржа спезијализирана ревија на изворни македонски шарпланинци

По 5-ти пат во Крушево на Гумење се одржа спезијализираната ревија на изворни македонски шарпланинци, на која учествуваа 30-тина кучиња од овој вид од повеќе градови. Организатор и покровител на настанот е меѓународната фондација „Тоше Проески“. Одгледувачите на овие миленици се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци.

 

 

Чисто за одгледување на стока се овие кучиња. Во Крушево и крушевско има доста. Добра раса на куче, територијално куче, си ја штити територијата се трудиме да ја задржиме расата чиста како што е, да не биди мелез, да не се пари со други врсти. Не е нападно куче“, истакна Ташули Стојчески, одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

 

„Старата раса што велиме ние шарпланинци наши, доследно ја следиме традицијата, ги чуваме и размножуваме. Да се чува едно вакво куче треба многу љубов, внимание, посветување и финансии секако. Јас претходно чував кози и затоа и го зедов кучето“, кажа Ѓоко Стојкоски, одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

 

 

 

Одгледувачите признаваат дека шарпланинецот како раса го делат сите околни држави кои гравитираат околу Шар планина, но овие кучиња биле исклучиво македонски, кои се користат за чување на стоката и биле доста силни и паметни.

 

Имаме 5-6 врсти и соеви на шарпланинци нив ги делиме спрема снагата, главата и бојата. Карамании темни, карабаши жолти, светли. Имаме шарпланинци со мечкина глава, тркалезна, тие се најбарани и најубави. Со молосоидна глава, со лупоидна глава кои не се многу убави со шилеста уста и со волчја глава, кои се доста ретки“, изјави Драган Ристески, одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

 

Кинолозите бараат овие кучиња да се заведат како посебна чиста македонска раса бидејќи ја нема на ниту едно друго место.

 

„Јас во поново време бев инициијатор за за да се идентификува македонскииот стар овчарски пес караман и тоа се направи, останува уште да се верификува на меѓународно ниво. Меѓутоа има и други врсти и подврсти, самата кинологиија до денес многу слабо се оддала кон тоа. Ние имаме свои идентификациони сознанија, дури и имиња, но тоа е неофицијално верифицирано. Тоа е наше богатство, треба да си ги класифицираме, но за жал нашатта кинологија досега тоа не го сторила“, вели Тони Шмит, кинолог и одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

 

 

 

На изложбата покрај кучињата имаше и расни коњи. Во Крушево во моментов биле останати уште 40-тина коњи, а дел од одгледувачите сакаат овие животни да ги искористат во туристички цели.

 

„Планираме за туризам, за јавање на коњите до крстот да одат од тука од Крушево, па ќе видиме како ќе биде“, истакна Борче Крстески, одгледувач на коњи.

 

„Од оваа година планираме за туризам да ги употребуваме за шетање, но ќе видиме како ќе биде“, изјави

 

Организаторите се надеваат овие настани уште повеќе ќе го популаризираат изворниот македонски шарпланинец како посебна раса.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи