Трансформација на ординациите од општа во семејна медицина

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина, соопшти Министерството за здравство, со што се финализира процедурата започната во февруари годинава.

 

„Специјалистите по семејна медицина ќе може да нудат поголем број услуги од матичен лекар. Ова е само еден дел од унапредувањето на квалитетот на услугите во примарната здравствена заштита. На овој начин граѓаните ќе можат здравствената заштита да ја добијат поблиску до местото на живеење“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

 

Како што посочуваат од Министерството, оваа мерка е поздравена и од Здружението на лекари по општа и семејна медицина, бидејќи на овој начин примарната здравствена заштита во која работи специјализиран кадар може да придонесе за значителни здравствени заштеди.

 

„Со навремено дијагностицирање и соодветен менаџмент на одредени состојби ќе дојде до растоварување на секундарното и терциерното ниво во здравствениот сектор. На овој начин ќе се создадат услови клиничките специјалности да се посветат на покомплексни и потешки здравствени состојби, за поголема мотивираност на лекарите кои ќе бидат посветени на својата специјалност, а на овој начин ќе се намали и одливот, како на постојниот кадар, така и на младите лекари“, стои во соопштението.

 

Во просек 30 лекари годишно се стекнуваат со звање специјалисти по семејна медицина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи