Опрема за училишни кабинети

 

Еден кабинет по анатомија, еден за забен техничар и еден по хемија добија опрема од проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“ кој е  поддржан од од  ifa/Zivik Федерална Канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.

За кои средни училишта станува збор, за каква опрема станува збор и што значи таа за овие училишта од изјавите на претставници на некои од средните училиштата вклучени во проектот.

 

Драган Јаневски – директор ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово

 

 

„Тргнувајќи од старата кинеска поговорка: слушам и заборавам; гледам и паметам; работам и знам; како една од позначајните цели за осовременување на наставниот процес во ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово е опремувањето на постоечките кабинети со дидактички нагледни средства за поквалитетно изведување на наставата по стручните предмети од здравствената струка. Но, особено задоволство е дека таа цел се совпадна  и со потребата и иницијативата на учениците кои учествуваа во проектот. Голема благодарност до Центарот за граѓанска иницијатива кои овозможија остварување на оваа идеја. Наставниците кои предаваат стручни предмети од здравствената струка потврдија дека добиените нагледни средства: моделот на срце, торзо и женска карлица  овозможуваат да им се приближат наставните содржини на учениците и да го направат учењето интересно а совладувањето на знаењата полесно. Особен предизвик на оваа време е  изнаоѓање на креативни начини, преку снимање на видео содржини нагледните средства  да се вметнат и во наставата на далечина. Поради настанатата ситуација дел од практичната настава се реализира во училиштето за таа цел особено е значајно добивањето на количката  за инструменти и терапија која со останатите нагледни средства во училиштето  ги доближува учениците  до реалните работни средини и помага  учениците да се  стекнат со соодветните вештини согласно целите на предметот практична настава и ја развива нивната мотивираност и љубопитност“, нагласи Драган Јаневски – директор ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово.

 

Виолета Георгиjева – професор СОУ „ Јане Сандански“ – Штип

 

 

„Нашето училиште е вклучено во активностите на проектот “Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза II”, кој го релизира Центар за граѓанска иницијатива- Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik федерална канцеларија на Сојузна Република Германија. Преку соработката во овој проект за кабинетот за забен техничар се обезбедија следниве инструменти : 1. Електрично ноже за моделирање во восок; 2. Артикулатор со средна вредност; 3. Мерач за метал. Очекувани резултати од дополнување со опрема и инструменти  учениците ќе се стекнат со знаења во делот на практичната настава, целосно остварување на   целите и задачите од воспитно-образовниот процес, мотивирање на идните генерации за интерес кон овој профил, образување и оспособување на кадар конкурентен на пазарот на труд, зголемување на заштита при работа и намалување на ризиците од повреда“, истакна Виолета Георгиjева – професор СОУ „ Јане Сандански“ – Штип.

 

 

 

 

Дарко Ристески – професор СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп

 

 

„Учениците со моја поддршка го изработија проектот „Лабораторија“. Целта на овој проект беше да се збогати знаењето по предметот хемија токму преку практичната настава, со обновување на лабораторијата.Реализацијата на овој проект донесе набавка на хемиски препарати (потрошен материјал во хемиската лабораторија- потребен за експерименти), платинска игла, дезинфекциони средства (за чистење на лабораторијата по завршување на работата) и прочистувач на воздух, кој е потребен за лабораторијата. Обновата на лабораторијата е од огромна важност за училиштето и пред сѐ за учениците и професорите по предметот хемија, бидејќи тоа значи зголемен број на часови по практична настава по предметот хемија и збогатување на знаењето од оваа област.  Придобивката е од значајна важност и за професорите и за учениците кои ќе имаат поголема можност теоријата да ја надополнуваат со пракса. Учениците научија како да пишуваат проекти, но и како да реализираат, а на своето училиште му донесоа нова опрема“, изјави Дарко Ристески – професор СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

Доопремувањето на кабинетите во овие три училишта е резултат на активност на учениците кои беа вклучени во Младинскиот летен камп која се одржа во Охрид во август минатата година. Всушност таму учениците научија како да подготвуваат проекти и секоја група подготви по 3 апликации. Потоа учениците си организираа систем на гласање во своите училишта и избираа приоритетен проект. Во рамките на проектот имаше средства за поддршка на овие проектни идеи. Всушност учениците преку оваа активност имаа можност да ја лоцираат потребата, да подготват проекти, да ги дадат на процес на оценување, а потоа да следи и процесот на реализација.

 

Автор : Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи