Државите да ги затворат институциите за деца и да ги заштитат правата на ромските семејства

Денес, на Меѓународниот ден на Ромите, Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), Hope and Homes for Children и Eurochild, ги повикуваат европските држави да се заложат за затворање на институциите за деца и за обезбедување соодветни сервиси за поддршка на деца и семејства наменети за ромските деца кои се премногу застапени во државната грижа.

Во новата Стратегија на ЕУ за правата на детето се наведува дека сите деца, вклучително и децата со попреченост и оние од обесправените групи, имаат еднакво право да живеат со своите семејства и во заедница. Сепак, во многу земји ширум Европа, ромските деца рутински се одземаат од нивните семејства и се сместуваат во детски домови, и тоа под диспропорционална стапка споредено со останатото население.

Истражувањето спроведено во Бугарија, Република Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Словачка покажува дека ромските деца претставуваат 20 до 80 проценти од децата сместени во институции поради
институционална пристрасност, дискриминација и нелегални практики за одземање на децата поради сиромаштија. Ова е долгорочен проблем кој, во светло на новата Стратегија за БАРАМЕ ДРЖАВИТЕ ДА ГИ ЗАТВОРАТ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ДЕЦА И ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПРАВАТА НА РОМСКИТЕ СЕМЕЈСТВА
правата на детето, новата стратегиска рамка на ЕУ за Ромите, и Акцискиот план на ЕУ за борба расизмот, треба да биде итно решен.

Организациите ги повикуваат институциите на Европската Унија да продолжат да ги поддржуваат државите-членки, земјите од проширувањето и земјите од соседството, во прекинувањето на синџирот на сиромаштија, борбата против дискриминација и промоцијата на национални стратегии за забрзување на реформата за деинституционализација, вклучително и со користење на фондовите на ЕУ. Организациите ги повикуваат националните влади на земјите во и надвор од ЕУ да се заложат за елиминирање на институционалната грижа и за инвестирање во достапни механизми за социјална поддршка, превентивни мерки и грижа базирана во семејството за оние деца за кои се смета дека отстранувањето од нивните биолошки семејства е во нивен најдобар интерес.

ЕЦПР поведува тужби во седум земји (Бугарија, Република Чешка, Молдова, Северна Македонија, Романија, Словачка и Украина) кои ги институционализираат малите деца и ги дискриминираат ромските семејства.

„Сметаме дека постоењето на овие државни центри е форма на насилство врз малите деца и дека дискриминаторската практика за нивно полнење со ромски деца претставува форма на расистичко насилство“, вели претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ. „Овие земји ветија дека ќе ги затворат нивните институции, но напредокот е многу бавен. Ако тие одбиваат да ги модернизираат нивните системи за грижа за децата, тогаш преземањето правна акција е единствата опција“.

Тужбите се поднесени до националните тела за еднаквост, народните правобранители и меѓународните тела, како што е Европскиот комитет за социјални права. Тие се базираат на истражување што беше спроведено во 2020 и 2021 година и се однесува на преголемата застапеност на Ромите во државната грижа. Тие се изготвени за да бараат одговорност од државите за нивните обврски од меѓународното право во однос на почитување на правото на детето на семејни врски и да се гарантира дека секогаш преовладува најдобриот интерес на детето.

„Каква било форма на институционалнизација што се базира на дискриминација е повреда на човековите права“, изјави Марк Вадингтон (одликуван со медал на ЗБИ), извршен директор на Hope and Homes for Children. „Неуморно работиме низ целиот свет за да обезбедиме дека ниту едно дете нема никогаш да страда во институциите, туку дека ќе расте во семејство каде добива љубов и грижа. Од суштинско значење е европските држави веднаш да дејствуваат за да го направат истото“.

Институционализацијата има штетен ефект врз емотивниот капацитет и развојот на децата, посебно врз нивниот физички раст, когницијата и вниманието, како и врз нивната способност да формираат врски со други лица. Ефектите од институционализацијата врз децата до тригодишна возраст, посебно во раните фази од нивниот живот, во голема мера можат да биде нереверзибилни.

Институционализацијата има особено негативен ефект врз ромските деца кои ја напуштаат државната грижа стигматизирани поради нивната етничка припадност и поради тоа дека се „деца од институција“. Шансите на децата да бидат вратени во нивните биолошки семејства експоненционално се намалуваат со секоја година помината во државна грижа, исто како и нивните шанси да бидат посвоени. Посвојувањето на ромските деца кои живеат во институции е речиси непостоечко поради општествениот расизам и недоволната подготвеност на родителите во многу земји да посвојуваат деца Роми.

Одговор на сегашната ситуација на ромските деца во државна грижа кој е во согласност со човековите права налага целосна елиминација на институционалната грижа и развивање соодветни сервиси за поддршка на децата во цела Европа. Ги повикуваме државите да обезбедат целосна и соодветна заштита на ромските деца и семејства кои се изложени на ризик од разделување, за да се гарантира дека одземањето на дете поради сиромаштија е забрането со закон и во практиката.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи