Шекеринска: Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте


Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Ова го изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност”.

„Прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна. Не можете вашиот опптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, но мислам дека попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што носевме паметни одлуки. Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики, не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку знаеме дека македонските граѓани се европјани и дека очекуваат од нас европски стандаради. Со добри резултати убеден сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици, а гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Вие видовте дека во последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката која што доаѓа од другите европски градови, отколку од разочарувњето и критиката која оправдано доаѓа од кај нас“, вели Шекеринска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи