Заев, Рама и Вучиќ ќе разговараат за „Мал Шенген“


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, денеска на видеоконференција ќе разговараат за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“.

„Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги“, рече Вучиќ.

Тој посебно го издвои таканаречениот систем на работни дозволи, за којшто утре ќе стане збор.

„За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Со ова ќе се обезбеди повеќе работна сила во Србија која недостасува“, рече Вучиќ.

Иницијативата „Мал Шенген“ беше иницирана во Нови Сад во 2019 година како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи