Законот за еколошка такса доби европско знаменце за да не се блокира со амандмани

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Владата предлага зголемување на еколошката такса на сите горива до 3,5 денари од што за една година треба да собере 55 милиони евра. Најавува дека тие пари ќе влезат во посебен Еколошки фонд од кој ќе се инвестира во енергетски капацитети кои користат обновливи извори и ќе се решаваат разни еколошки проблеми.

Измените на Законот за животна средина со кои е зголемува еколошката такса за горивата на 3,5 денари е доставен до Собранието.

Владата ги означи овие измени со европско знаменце и бара тие да се донесат по скратена постапка.

Според најавите новиот износ на еколошката такса за горивата требаше да почне да се наплаќа од 1 јули. Но, предложените измени на Законот сѐ уште не се распоредени на дневен ред на седница на Собрание.

Предложено е зголемување на еколошката такса за увоз на нафтените деривати за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстралесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира