Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денеска доби големо признание и беше одлкуван со Орден за заслуги од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Mукаетов, кој освен тоа што е прв човек на македонската куќа на ракометот, важи за еден од најуспешните бизнисмени во Македонија како генерален директор на фармацевтската компанија Алкалоид.
Покрај Мукаетов, постхумно Ордени за заслуги имаше и за Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Горан Стефановски.
– Зафир Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво;
– Ремзи Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто;
– Горан Стефановски за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осовременувањето на книжевното културно наследство.