Mладинска вклученост


Во поглед на вклученоста на младите во општествено-политичкиот живот, локалните и националните институции сѐ уште не ги препознаваат придобивките од зголеменото граѓанско учество во креирањето на политиките и тоа главно поради недостиг на знаење и отвореност за соработка. Овој недостиг на соработка е резултат на лошиот имиџ и перцепцијаза граѓанските организации од страна на граѓаните. Дополнително, младинските граѓанскиорганизации немаат капацитет да преземат активности за да се залагаат за потребите намладите, истовремено и за подобрување на перцепцијата на граѓанските организации какоглавни поддржувачи на човековите права. Недостигот на основните податоци за учествотона младите во Македонија исто така ги ограничува способностите на граѓанските организации да развиваат фокусирани програми. Во Националната стратегија за млади 2016 – 2025 недостасуваат базични податоци, особено за младинското учество.

Вклученоста на младите во активностите на заедницата од најрана возраст, како на пример преку волонтирање, спортски активности итн., им овозможува да се стекнат со искуствашто понатаму би им користеле при активно учество во решавање на проблеми и предизвици со коишто се соочуваат и младите и заедницата во целост, како на пример младинсканевработеност, социјална исклученост, политички немири, сиромаштија и нееднаквост. Затоа во последниве декади се става акцент на промовирање на граѓанското учество помеѓумладите и нивно вклучување во активностите на заедницата во секое поле. Најчесто младите се мотивирани да се вклучат во решавање на прашања што директно нив ги засегаат,а со тоа и заедницата во којашто живеат. Исто така, во последните декади помеѓу младитесе забележува тренд на оддалечување од институционализираните структури во општеството (како на пример политичките партии и гласачките активности), а приближување конполитичкиот активизам којшто се заснова на одредена кауза. Тука, значајна улога имаат имладинските граѓански организации коишто на младите им овозможуваат да се стекнат совештини преку една поструктурирана организациска форма, што ќе им користи при нивната политичка ангажираност, во контекст на претходно споменатиот облик на мобилизацијаврз основа на одредена кауза.Формите на младинско учество можат да бидат разновидни,од волонтирање за некоја кауза важна за општеството до учество во градење на мир во конфликтни општества.

Согледувајќи ги ваквите состојби Коалиција СЕГА веќе една декада ја застапуваше каузата за законско уредување на учеството на младите, што резултираше со донесување на законот за младинско учество и младински политики во јануари 2020 година.

На ред се институциите да го загарантираат учеството на младите на национално и локално ниво. Колку овој закон побрзо ќе биде реалност во својата примена, толку побрзо младите ќе станат составен дел од системските промени на општеството придонесувајќи да истото биде современо, демократско и по мерка на младите.

СЕГА ќе продолжи и во наредниот период да се застапува пред институциите за измени и дополнувања во законот, во делот на казнени и прекршочни одредби со кои ќе се осигура дека усвоените форми за учество ќе бидат применувани од страна на институциите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи