Македонија денеска одбележува 30 години од донесувањето на Уставот, донесен по прогласувањето на нејзината независност.
Највисокиот државно-правен акт е донесен на 17 ноември 1991 година. Во Уставот се пропишува дека во републиката суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Уставот е темел на една држава. Затоа темелното непознавање на неговото значење доведува до темелни грешки, а од криви темели права градба не се гради.
Темелни вредности на уставниот поредок се:
– основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
– слободното изразување на националната припадност;
– владеењето на правото;
– поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
– политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
– правната заштита на сопственоста;
– слободата на пазарот и претприемништвото;
– хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
– локалната самоуправа;
– уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
– почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество. Граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Уставниот развој на државата три периоди. Првиот период е од 31 декември 1946 година кога е донесен Уставот на тогашната Народна Република Македонија. Вториот период е со донесувањето на Уставот на Социјалистичка Република Македонија на 25 февруари 1974 година. Третиот од 17 декември 1991 година кога е усвоен сегашниот македонски устав.