Пандемијата влијаеше негативно на секој аспект од општествените процеси ширум светот и ги остави граѓаните пред невидена криза за која никој не беше подготвен. Тоа особено ги погоди маргинализираните граѓани бидејќи условите во кои живеат и функционираат се полоши од оние што ги има мнозинството, а и онака предизвикувачкиот пристап до основните човекови права стана уште потежок. Во исто време, локалните организации се соочуваа со несигурност бидејќи можностите за поддршка и финансирање беа значително намалени, а условите за работа станаа многу предизвикувачки со оглед на фактот дека нашата работа се базира на терен и многу зависи од личната комуникација и физичкиот контакт.
Во овие околности, COVID-19 Grassroot Justice Grant дојде како можност толку потребна за поддршка на најитните и најпотребните услуги што СТАНИЦА П.Е.Т. ги обезбедува за маргинализираните заедници. Целта на самиот проект бееше да се обезбеди поддршка за продолжување и надградба на работата на нашите здравствени промотори во заедницата, со цел истата подиректно да се насочи кон здравствените права поврзани со КОВИД-19, бидејќи сметавме дека работата на оваа група активисти е од критично значење во време на пандемија.
Како грантот ја помогна нашата работа?
Грантот на COVID-19 Grasroots Justice Fund што го доби СТАНИЦА П.Е.Т. беше насочен кон развивање и промовирање на работата на здравствените промотори во заедницата – група теренски активисти од ромската и руралните заедници кои се активни во неформалното образование, теренскиот активизам и помошта на граѓаните во остварување на нивните здравствени права. Поддржано од овој грант, воспоставивме телефонска линија 24/7 Прашај здравствен промоторкоја овозможува телефонска консултација за остварување на здравствените права поврзани со КОВИД-19, што ја олесни комуникацијата во време на рестриктивни мерки и им овозможи на здравствените промотори во заедницата да ги прошират своите услуги на поголема група на луѓе. Овој грант овозможи и реализација на две главни теренски активности; првата за унапредување на телефонската услуга и превентинвите мерки за заштита од КОВИД-19; втората за промоција на вакцинацијата против КОВИД-19 кај маргинализираните заедници во период кога бројот на вакцинирани меѓу овие заедници беше значително помал во споредба со другите граѓани.
Понатаму, во првите неколку месеци од процесот на вакцинација, апликацијата се реализираше преку онлајн платформа, што беше предизвик за многу маргинализирани граѓани кои имаат ограничен или никаков пристап до интернет конекција и дигитални уреди. Активната работа на здравственте промотори во заедницата директно придонесе да им се помогне на значителен број луѓе да аплицираат за вакцинација, со што го заштитија сопственото, како и јавното здравје на пошироката заедница. Во исто време, малиот фонд што беше формиран за лица во најголем ризик (оние кои живеат во сиромаштија и се директно изложени на КОВИД-19) идентификувани од здравствените промотори, беше искористен за обезбедување основни суплементи кои се неопходни за заштита на имунолошкиот систем, но во исто време многу поскапиод тоа што овие луѓе можат да си го дозволат.
Комбинирањето на сите овие активности на директна и индиректна помош, едукација и зајакнување, придонесе за изградба на сеопфатен одговор на кризата базиран во заедницата, што резултираше со не само итно, туку и долгорочно одржливо закрепнување за оние на кои им е најпотребно.
АВТОР: СТАНИЦА П.Е.Т. ПРИЛЕП