Рурална Коалиција ги презентираше извешатите од граѓанскиот мониторинг на локалните е-услуги кој што го вршеа локални набљудувачи во општините Старо Нагоричане, Врапчиште и Кривогаштани. Имено, во периодот ноември-декември 2021 година Рурална Коалиција во соработка со локалното население како и администрацијата во општините, врз основа на претходно изработени алатки за граѓански мониторинг, спроведуваше мониторинг на електронската комуникација и достапноста на е-услугите во руралните општини. Беа мониторирани веб страниците на општините, нивниот степен на препознатливост, но и комуникативност со локалното население, како и поставеноста со електронските услуги нивната разбирливост од страна на граѓаните, предизвиците со кои што се соочува општинската администрација, а во делот на достапноста и квалитетот на е-услугите.
Навременото ажурирање на веб страниците на општините, деталните и лесно достапни електронски услуги, но и упаства за нивно користење, целосната дигитализација на услугите, можностите за електронска наплата, но и воведување на поголем обем на услуги се само дел од препораките кои што може да се прочитаат низ извештатите изработени токму од страна на граѓаните. Клучна пак улога за квалитетни е-услуги, но и нивна поголема искористеност е едукацијата, но и информираноста кај локалното население, како и вклучување на младите во промовирањето, но и директната поддршка на терен при аплицирањето и издавањето на е-услугите.
Проектот „Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на jавната администрациjа“ кој што го спроведува Рурална Коалиција од јуни оваа година е насочен кон заjакнување на граѓанскиот мониторинг на давање на е-услуги од страна на руралните општини преку развоj на препораки и застапување за дигитализациjа на локално ниво. Проектот ќе трае до 28 февруари 2022 година.
Проектот е финансиран во рамките на проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија. Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).