Од утре се одмрзнуваат цените на основните прехранбени производи, а се ограничува трговската маржа за леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук. Според одлуката на Владата на трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, за овие стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.
И покрај ограничената маржа, едно е јасно – цените ќе растат. Порастот на цените веќе го најавија и производителите кои велат дека се поскапени и суровините и енергентите, а растот на цените може да биде предизвикан и од недостиг на производи и од прекин во синџирите за снабдување поради руско-украинскиот конфликт.
Пораталот „Пари“ анализира, колу некогаш, а колу сега може да се купи со една просечна плата, и тоа со овие замрнати цени, затоа што се уште не се познати цените по одмрзнувањето. Се вративме во 2011 година кога имаше високи цени поради последиците од Големата финансиска криза, па во 2015 година, кога веќе се заблежа значителен пад на цените и се обидовме да ги „скенираме“ сегашните цените низ продавниците, затоа што таков статистички извештај се уште нема.
Имено, Државниот завод за статистика, почнувајќи од 2016 година ја објавува статистичката публикација „Макстат избор“ во која ги анализира цените на 6 производи – леб, масло за јадење, шеќер, јајца и хамбургер. Притоа, ДЗС во првта публикација од 2016 година прави споредба на цените од 2015 година со 2011 година. Во 2011 година, статистичарите пресметале дека просечната – нето плата во државата била 20.846 денари, а во 2015-та дека изнесувала 21.903 денари. Последни податоци имаме за просечна-нето плата во декември 2021 година и таа изнесува 29.943 денари.
Еден килограм леб од пченично брашно тип 500 во 2011 година чинел 53,31 денари, до 2015 година има мало корегирање и цената е 50,04 денари, а сега, според цените во продавниците тој е околу 65 денари за еден килограм. Се водевме од овие цени: лебот од Стара фурна од Прилеп кој е од ваков вид на брашно и кој е во пакување од 550 грама чини 38 денари, што значи дека 1 килограм чини 69,09 денари, полубел на Жито лукс чини 32 денари за 470 грама, што знали дека е 68,08 денари за 1 килограм, домашен леб од фурна Диме е 30 денари за 500 грама, односно 60 денари за килограм…
Маслото за јадење во 2011 година чинело 83,59 денари за 1 литар, во 2015 било 64,95 денари, а ние сега го најдовме во една продавница што важи за поевтина во градот по цена од 95 денари за еден литар, но истото масло во некои продавници е и по 105 денари.
Пред 11 години за едно јајце статистичарите извадиле просечна цена од 7,04 денари. Овој производ, во 2015 година имал повисока цена и се продавал по 8,07 денари. Сега, за јајацата има разлилни цени зависно од големината на јајцето и од големината на пакувањето, Најевтини пакувања од по 30 јајца се по цена од 172 денари, но има и пакувања од 105 денари за 10 јајца, па нашиот просек покажува цена од 8,12 денари за јајце.
Шеќерот во 2011 година ја има достигнато највисоката цена, и се продвал по 55,79 денари за 1 килограм. Во 2015 година неговата цена е драстично намалена и тој чини 33,53 денари по килограм. Шеќерот сега низ продавниците е 40 денари, но во пакување од 900 грама, што значи дека 1 килограм чини 44,44 денари.
Бензинот Еуросупер БС-95 во 2011 година се продавал за 76,09 денари за еден литар, во 2015 година за 65,8 денари, а неговата последна цена е 82,5 денари за литар (во текот на денот се очекува нова одлука за цена).
Хамбургер, во просек во 2011 година се продавал по цена од 81,85 денари, во 2015 година неговата цена достигнала 91,14 денари, а сега, според љубителите на „фаст фуд“ храната просекот за хамбугери е 150-160 денари.
Според овие податоци, еве како се движеле цените на избраните производи од Државниот завод за статистика (во денари) :
ПРОИЗВОД | 2011 | 2015 | ЈАНУАРИ 2022 |
Леб | 53,31 | 50,04 | 65,00 |
Масло за јадење | 83,59 | 64,95 | 100,00 |
Јајце | 7,04 | 8,07 | 8,12 |
Шеќер | 55,79 | 33,53 | 44,44 |
Еуросупер БС 95 | 76,09 | 65,80 | 82,5 |
Хамбургер | 81,85 | 91,14 | 155 |
Но, цените сами по себе не би биле ништо, ако не се споредат со просечната плата. Па како што направија и искусните статистичари од Државниот завод за статистика ја „претвораме“ платата во количини од овие производи, за да ја видиме нејзината куповна моќ. Бидејќи нема податоци за просечната плата во јануари, во предвид ја земаме платата од декември, а поради замрзнувањето на цените, основните прехранбени производи беа со иста цена и во декември и во јануари.
Плата „претворена“ во 6 избрани производи од Државниот завод за статистика:
ПРОИЗВОД | ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО 2011 | ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО 2015 | ПЛАТА ВО ДЕКЕМВРИ 2021 |
Леб | 391 | 438 | 460,66 |
Масло за јадење | 249 | 337 | 299,43 |
Јајце | 2.691 | 2.714 | 3.687,56 |
Шеќер | 347 | 653 | 637,78 |
Еуросупер БС 95 | 274 | 333 | 362,94 |
Хамбургер | 255 | 240 | 193,19 |
Ако се погледаат овие бројки може да се заклучи дека од 2011 година растела куповната моќ на просечната плата изразена во леб, зејтин, јајца, шеќер и бензин, а единствено се помалку можеле да се купат хамбургери.
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/utre-se-odmrznuvaat-cenite-sto-mozevme-da-kupime-porano-a-sto-sega-za-edna-prosecna-plata/