Дали некогашните милионски добивки од горивата не може да ја покријат сегашната намалена маржа?

Facebook
Twitter
Email
Print

Сè  уште важи одредбата од Правилникот за формирање на цени на горивата, што минатиот понеделник го донесе Регулаторната комисија за енергетика, а според кој трговската маржа за бензините и за дизелот е намалена за 33 проценти, и сега место 4,5 денари, изнесува 3 денари за еден литар. Трговците не престануват да го изразуват своето незадоволство од вакваат одлука, особено што цената на горивата се намали поради владините мерки со кои се интервенираше во ацизата и во данокот на додадена вредност. Дел од бензинските пумпи дури се заканија и дека ќе прстанат да точат бензин, тврдејќи дека нема да можат да издржат со намалемата маржа.

Порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, направи анализа на работењето на најголемите трговци со горива во 2019 и во 2020 година. Податоците за 2021 година се уште не се расположливи на платформата.

Од 10 компании со најголеми проходи, позитивен резултат во 2020 година имале 8. Генерално, она што може да се забележи е дека во 2020 година. компаниите имале значително намален промет и добивки во однос на 2019 година, што е и за очекување со оглед на пандемијата и локдауните што ги имаше во таа година. Исклучок е компанијата „Супертрејд“ која во 2020 година имала поголема добивка отколку во 2019 година. Компанијата „Окта“ пак, која е најголемиот узвозник на нафтени деривати и која според податоците на Регулаторната комисија за енергетика учествувала со 66,8 проценти во вкупниот увоз во 2020 година, истата година направила загуба од дури 8,5 милиони евра! Во загуба била и компанијата Омпетрол од скопски Петровец. Но, другите компании, иако поскормно од порано, и понатаму имале добивки, а дел од нив направиле милионски профити.

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОДИ, А КОИ СЕ ВО БИЗНИСОТ СО ГОРИВА

КОМПАНИЈА ПРИХОД 2020 ПРИХОД 2019 ДОБИВКА 2020 ДОБИВКА 2019
Макпетрол 272.000.000 372.000.000 5.700.000 14.300.000
Окта 251.000.000 452.000.000 – 8.500.000 4.200.000
Супертрејд 86.000.000 94.0000.000 1.500.000 1.200.000
Лукоил 71.000.000 117.000.000 2.100.000 4.500.000
Дади трејд 61.000.000 81.000.000 1.000.000 1.400.000
Црна Река 42.500.000 48.600.000 4.500.000 7.000.000
Детоил 39.700.000 52.000.000 100.000 2.900.000
Пуцко петрол 34.000.000 46.400.000 2.700.000 2.680.000
Јавор шпед оил 23.000.000 18.800.000 461.000 417.000
ОМ петрол оил 18.500.000 30.000.000 / 150.000

Износите се во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

За да ја комплетираме сликата за компаниите во бизнисот со горива за транспорт, обезбедивме уште 3 важни податока:

  • Ја анализиравме профитабилноста на компаниите. Одличен економски податок е нето-профитната маржа. Овој податок покажува со колкав процент учествува нето добивката во вкупните приходи. Нето-профитната маржа се смета за најкомплексен показател за профитабилноста на една компанија, бидејќи ги зема во предвид сите трошоци во остварувањето на профитот.
  • Ги нализиравме просечните плати во компаниите. Како што може да се заблежи од табелата, некои компании, и покрај помали добивки, во 2020 година ги зголемиле платите, но некои ги намалиле. Може да се забележи и огромни разлики во платите за истата работа, помали плати при поголема профитабилност, и обратно.
  • Го ставивме „под лупа“ бројот на вработените – дали тој се зголемувал, или се намалувал во услови на намален промет.

НЕТО-ПРОФИТНА МАРЖА, ПРСЕЧНА ПЛАТА, БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ

Компанија Нето профитна маржа 2020 (%) Нето профитна маржа 2019 (%) Просечна плата 2020 Просечна плата 2019 Број на враб. 2020 Број на враб. 2019
Макпетрол 2,11 3,91 33.071 30.595 1.854 1.835
Окта -3,39 0,95 39.846 42.183    305    336
Супертрејд 1,76 1,34 25.485 28.227      60      36
Лукоил 3,04  3,85 33.621 37.652     146    151
Дади трејд 1,96 1,72 17.988 17.781      14      11
Црна Река 1,07 1,43 22.159 18.848    145    150
Детоил 0,26 5,86 18.623 15.099    146    151
Пуцко Петрол 1,07 1,43 22.159 18.848    145    150
Јавор шпед оил 1,80 2,45 24.984 18.021     11       5
Омпетрол оил -0,25 0,51 58.029 40.895      5       5

Износите се во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

Колку за потсетување….

Во четвртокот Регулаторната комисија објасни дека е воведено привермено намалување на трговската маржа кај трговците со горива и дека страта трговска маржа ќе се врати кога Парламентот ќе ги усвои законските измени за акцизата и за ДДВ, но и кога доволно ќе се намали цената на горивата, без да прецизира до кое ниво. Во петокот пак, поминаа измените на Законот за акциза и Законот за додадена вредност. Со измените, зависно од берзанските промени, можно е намалување на акцизата од нула до 4 денари, а ДДВ се намали од 18 на 10 проценти. Во согласност со намалување на овие давачки, Регулаторна комисија за енергетика во саботата оджа седница и донесе одлука за новите цени, но во нивното формирање трговската маржа остана иста. Нова цена може да има уште денес.

Регулаторната комисија повика и на солидарност на сите чинители во формирањето на цената. Државата се откажа од дел од ДДВ, намалувајќи го од 18 на 10 проценти за горивата, а за акцизата создаде законски услови таа да се намалуваод нула до 4 денари зависно од берзанските цени на горивата.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/trgovcite-so-benzin-pod-lupata-na-pari-dali-nekogasnite-milionski-dobivki-moze-da-ja-pokrijat-segasnata-marza/

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи