На 28 јуни во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи оперска вечер, на која што ќе настапат СлавицаПетровска – Галиќ (сопран), Влатко Груевски (тенор) и Андреја Наунов (пијано), додека кoнцертен гостин ќе биде Ана Митоска (сопран).
На оперската ноќ ќе може да се проследи следната програма:
- Дует од операта “Катерина Корнаро“ на Г. Доницети – Славица Петровска Галиќ, ВлаткоГруевски
- Аријана Катерина од операта “Катерина Корнаро“ на Г. Доницети – С. Петровска Галиќ
- Аријана Марио од операта “Тоска“ на Џ. Пучини – В. Груевски
- Аријана Мизета од операта “Боеми“ на Џ. Пучини – С. Петровска Галиќ
- Дует “Denn in Seiner Hand Ist” – Од Псалм 95 на Ф. Менделсон – Славица Петровска Галиќ, Ана Митоска
- Аријана Џонсон од операта “Девојката од западот“ на Џ. Пучини – В. Груевски
- Аријана Мари од операта “Der Waffenschmied” на A. Лорцинг – А. Митоска
- “Don Gilde Alcala” – М. Пенела – С. Петровска – Галиќ, В. Груевски
- Аријана Симка од операта “Разделба“ на Т. Прокопиев – С. Петровска Галиќ
- Свита “Разделба“ – Т. Прокопиев – Транскрипција за глас и пијано на Андреја Наунов – В. Груевски
- Аријана Луиза Милер од истоимената опера на Џ. Верди – С. Петровска Галиќ
- Дует од операта „Баронциганин“ на J.Штраус – С. Петровска Галиќ, В. Груевски
- Интро од операта “Војвотката на Чардашот“ на И. Калман – С. Петровска Галиќ, В. Груевски
- Дует од операта “Травијата“ – Џ. Верди – С. Петровска Галиќ, В. Груевски
Славица Галиќ – Петровска е македонска првенка на операта при Македонска опера и балет, магистер по соло пеење, концерт на пејачка и професорка на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Родена е воПризрен, Косовона 17.04.1959 година, а живеевоСкопје од 1977 година.
Славица дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во класата на проф. Коста Трпков. Магистерските студии ги започнува во класата на примадона Радмила Бакочевиќ во Белград, а ги завршува во класата на проф. Милка Ефтимова во Скопје.
Во текот на студиите има повеќе солистички настапи на Средби на музичките академии во Белград (1981 год.), Средба на младите оперски надежи „Томче Грнчаровски“ во рамките на мајските оперски вечери во Скопје (1981-82 год.), „Подиум на младите“, a учествува и на конкурсот „П. И. Чајковски“ во Москва (1982 год.).
Веднаш по дипломирањето, на сценатана МОБ за прв пат настапува во операта „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт во улогата на Барбарина и во „Орфеј“ од Глук во улогата на Амор.
Подоцна е ангажирана во Мариборскиот театар, кај што ги реализира улогите на Блонда и Констанца во Моцартовата опера „ Грабнување од сарајот“ и улогата на Розина во операта „Севилскиот бербер“ одРосини.
Во 1986 година заминува на едногодишна специјализација во конзерваториумот Римски Корсаков во Санкт Петербург, кај што изучува руска музика, вокална техника, педагошка работа и оперско пеење во класата на проф. Татјана Николаевна-Лаврова. Освен тоа, во Санкт Петербур одржува и солистички концерти.
За време на тој студиски престој, таа добива две улоги во театарот “Рубинштајн”: Виолета во операта “Травијата” и Розинаво „Севилскиотбербер“. Истовремено, испратена е како претставник на „Рубинштајн“ во Каунас, Литванија.
Врз основа на аудиционата претстава „Травијата“ од 1986 година, Славица Г. Петровска е во постојан ангажман во операта при МОБ. За кратко време го прифаќа и презентира севкупниот репертоар за својот фах: Адина во „Љубовниот напиток“ од Доницети, Хана Главариво „Веселата вдовица“ од Лехар, Кармина Бурана на Орф, Оскар во „Бал под маски“ на Верди, Недаво „Палјачи“ на Леонкавало, Мизета во „Боеми“ на Пучини, Џилда во „Риголето“ на Верди, Виолета во „Травијата“ на Верди, Лучија во „Лучија од Ламермур“ на Доницети, Серпина во „Слугинка господарка“ на Перголези, Антонида во „Иван Сусањин“ наГлинка, Дона Анаво „Дон Џовани“ на Моцарт, Розалинда во „Лилјакот“ на Штраус, Лиу во „Турандот“ на Пучини.
Настапува и како концертна пејачка. Покрај многуте концертни солистички рецитали, ги имареализирано и „Концерт за колоратурен сопран и оркестар“’ од Глиер, „Егзултате Јубилате“ од Моцарт, Деветта симфонија од Бетовен, Седма симфонија од Малер, Миса во Ц-дур од Моцарт, „Реквием“ од Верди, „Реквием“ од Моцарт, „Салве Реџина“ и „Стабат Матер“ од Перголези.
Има одржано голем број на солистички концерти, а го негува и камерното пеење. Членка е на камерното трио „Скопје“. Соработувала и со Македонска филхармонија.
Во 2002 година, станува уметничка директорка на Македонската опера при МОБ и таа должност ја извршува до 2005 година. За време на овој ангажман, Славица на сцената на МОБ ги поставува „Кармен“, „Набуко“, „Иван Сусањин“, „Посета на старата дама“, „Таен брак“, „Мадам Батерфлај“, „Тоска“, „Лилјакот“ и „Лидија од Македонија“.
Од 2007 година, Славица Г. Петровска е професорка по соло пеење на Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Учесничка е на фестивали како Охридско лето, Скопско лето, Битолско лето, Рацинови средби, Гоцеви денови, Крушевска република, Струшки вечери на поезијата, итн.
За време на своите професионални ангажмани, гостува во сите поголеми музички центри, како Копенхаген, Нижни Новгород, Солун, Рим, Благоевград, Пловдив, Софија, Нови Сад, Белград, Риека, Осиек, Париз, Дизелдорф, Дортмунд и други.
- Награда „11 Октомври“, 2002 година;
- Награда „Златна лира“ – награда за животно дело, 2009 година.
Славица Г. Петровскана 06.03.2002 година, го одржува јубилејниот концерт „Славица со пријателите“ со кој прослави 20-годишен јубилеј од својата уметничка дејност.
Влатко Груевски е роден во Прилеп. Средно образование завршува во Државното музичко училиште во Битола на одделот соло пеење во класата на проф. м-р. Маја Митровска. Во текот на своето образование во Битола се здобива со повеќе епитети и награди од државно и меѓународно ниво. Исто така настапувал на сите интерни часови како по соло пеење така и по пијано, концерти по повод претставување на училиштето, свечености, годишни концерти и сл.
Своето образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Примадоната на Македонската Опера и Балет проф. м-р. Славица Петровска – Галиќ каде и дипломира со одличен дипломски испит. Моментално е на постдипломски студии во истата класа и е хонорарно вработен во Македонската Опера и Балет.
Членува и во црковниот хор при храмот “Пресвета Богородица“ во Скопје, предводен под диригентската палка на Андреј Наунов.
Настапувал низ повеќе градови низ Македонија како што се: Скопје, Битола, Охрид, Крушево, Радовиш, Куманово и тн.
На ФМУ добитник е на прва награда на државен натпревар по соло пеење на студенти во Скопје – 2014 год.
Во развојот на неговата скромна кариера, значаен придонес има неговиот уметнички соработник, пијанист и диригент Андреј Наунов со кој се посветува на работата и музиката.
Како едни од позначајните настапи се:
– Концерт во чест на 200 години од раѓањето на Верди и Вагнер, во Македонската опера и балет, во придружба на оркестарот на Факултетот за музичка уметност – Скопје, под диригентската палка на Маестро Саша Николовски – Ѓумар. – декември, 2013 год.
– Концерт “Коста Трпков“ во Македонската опера и балет, во придружба на оркестарот од МОБ, под диригентска палка на Маестра Бисера Чадловска. – 2014 год.
– Поставување на мјузиклот “Свирач на покрив“ – Џон Лок, на сцената на Македонската Опера и Балет, каде ја толкува улогата на “Рабинот“, под диригентска палка на маестро Саша Николовски – Ѓумар – 2015 год.
– Толкување на улогата на Џуџето во претставата “Играчките на Дедо Мраз“ (детска претстава) на сцената на Македонската Опера и Балет – 2015 год.
– Концерт во чест на проф. Коста Трпков во Македонска Опера и Балет, во придружба на оркестарот на МОБ – 2016 год.
Исто така има настапувано како солист со хоровите при:
– Државното музичко училиште во Битола – годишен концерт – под диригентство на проф. Лилјана Трајковска
– Хорски фестивал “ТЕХО“ 2014 година во Тетотво (с. Лешок) – солист со “Женски младински хор Менада – Тетово“, под диригентство на проф. м-р. Ивица Зориќ.
Признанија:
– МАНУ признание за учество во првата, втората и третата културна работилница во Охрид 2014, 2015 и 2016 год.
– “8-мо септемвриско“ признание во Крушево за значајни придонеси и достигнувања како соло изведувач во областа на класичната музика.
Андреја Наунов е димпломиран пијанист на ФМУ, како прв студент во класата на познатиот светски пијанист Симон Трпчески. Дипломиран диригент во класата на проф. Саша Николовски Ѓумар. Вработен во Национална Опера и Балет како корепетитор и на ФМУ – Скопје. Во своето долгогодишно работно искуство има одржано бројни солистички рецитали, како и концерти со оркестирите на НОБ и Филхармонија. Како пијанист, диригент и хорски уметник се има реализирано низ повеќе држави и тоа: Швајцарија, Србија, Австрија, Унгарија, Романија, Грција, САД и тн. Одржува концерти со наши еминентни солисти и тоа: Славица Петровска – Галиќ, Весна Гиновска – Илкова, Борис Трајанов, Ѓорѓи Цуцковски, Томислав Шопов Ана и Игор Дурловски и др. Од големо значење е соработката на светски врвни диригенти со него, кои доаѓаат во нашата оперска куќа и имаат особено пофални зборови за неговите вештини и виртуозност на пијаното. Предводник е на црковниот хор при храмот “Пресвета Богородица“ – Скопје, хор со кој има остварено концерти во Австрија и Италија. Добитник е на огромен број награди и признанија од државен и меѓународен карактер.
Ана Митоска–дипломира соло пеење на ФМУ – Скопје, во класата напроф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија и Хрватска. Учесник е на повеќе мастеркласеви за пејачи низ Европа. Како вокален солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски музичари и ансамбли. Работела повеќе од една деценија во Македонска опера и балет, настапувајќи на манифестации како Мајски оперски вечери, Охридско и Скопско лето, како и во редовниот репертоар на Операта. Од мај 2018 година работи во Центарот за култура „Марко Цепенков“– Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп како стручен соработник за музичко – сценска дејност. Нејзиниот репертоар се базира врз раната класична музика и почетоците на белканто стилот, музиката на барокот, ренесансата, старите стилови на пеење како средновековна западноевропска литургиска музика, музика на трубадурите, источно црковни напеви, традиционална македонска музика и музика од светот, како и ангажмани како вокален солист во театарска и филмска музика. Носител е на неколку проекти во кои има главна улога и е идеен автор, меѓу кои еден целовечерен перформанс („Сонувања за заборавеното“) во Прилеп, целовечерни концерти во Рим, Прилеп, Струмица. Ангажирана била како музички соработник во театарската претстава „Каменот“ во режија на Кристина Димитрова. Дел е од уметничката екипа (како вокален солист) во претставите „Глембаеви“ (во Прилеп) и македонско–хрватската копродукција “Glembajevi, još jedna Legenda” во режија на Бранко Брезовац, со која гостува во Загреб во 2019 година. Учествува како вокален солист и музички соработник во претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочоски, со премиера во март 2022 година