ВИДЕО – Завршија истражувањата на Врбјанска Чука – потребна е итна конзервација на локалитетот и поголема промоција


Завршија годинешните истражувања на еден од најважните неолитски локалитети во Македонија, Врбјанска Чука кај Прилеп. Локалитетот е стар колу 8.000 години и е едно од првите места во Европа каде за прв пат луѓето одгледувале жито. И годинешните истражувања и пронајдени артефакти говорат токму за тоа, како живееле луѓето пред 8 милениуми, во што верувале, што јаделе. Годинава се истражуваа последните фази од функционирање на населбата и се откриени досега најголем број жртвеници и фигурини.

Во еден од овие контексти особено битно е да се истакне поврзаноста  на една мелница, жртвеник, фигурина и модел на лебче. Видовме дека тие се ставени на едно место заедно, така да тоа укажува и на симболичкото значење мелницата, но и ја истакнува повеќе симболичката улога на жртвениците“, изјави Гоце Наумов, Центар за истражување на праисторијата.

Но и покрај огромното значење на овој локалитет за жал досега ниту државата, ниту други странски фондaции не сакаат да финансираат негова конзервација. Локалитетот воопшто не е заштитен, полека се уништуваат делови од него, а нема ниту патоказ како да се стигне таму.

Затоа со двајца архитекти направивме проект каде што цела една структура е замислено да се постави околу оваа сонда, која ќе овозможи во исто време и заштита на локалитетот, но и полесна работа на археолозите. Исто така е предвиден и простор каде може да доаѓаат гости и да го разгледуваат локалитетот, а на поставувањето на таа структура би претходела една сериозна конзервација на сите градби што се откриени“, додаде Наумов.

Еден од артефактите до овој локалитет ќе се носи и на изложба во Њујорк.

Мислам дека со самото тоа ќе го промовираме и Заводот и музеј Прилеп со своите предмети, со кои моментално имаме соработка со овој центар. Овој центар години наназад од нас инфраструктурно и стручно ги бара потребите за овој локалитет“, рече Горан Цветкоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Годинава тука беа пронајдени и најстарите копролити досега откриени во Македонија, или најстариот измет од животинско потекло, од коза, стар над 8.000 години.

„Во делот на нашата работа како археоботаничари понекогаш наоѓаме и копролити илии остатоци од измет од праисторијата, кои се миинерализирани и така се зачувани. За нас тие се значајни бидејќи се остаток од домашните животни и со нивна помош може да се заклучи како истите се хранети“, вели Амалија Сабанов, архео ботаничар.

 Секоја година како промоција на локалитетот истражувањата завршуваата со концерт.  Годинава истиот ќе се одржи во недела со наслов „Кој тоа чука на Врбјанска чука“, музички перкусионистички перформанс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи