Крушево полека станува една од најатрактивните дестинации во Македонија, односно Крушево полека но сигурно започнува да ја развива онаа туристичка приказна, Крушево – дестинација за 4 сезони. Ако порано Крушево важеше за место каде граѓаните на Македонија доаѓаа само во зима и за 2 Август, или пак за викенд, таа слика веќе одамна е променета. Години на назад Крушево е една од петте топ светски дестинации за развој на параглајдерството, а за атрактивноста на овој град придонесуваат и големиот број настани кои се случуваат тука, како на спортски, така и на културен план.
Кога сме кај културата, она што е најново поврзано со Крушево е тоа што пред неколку денови од страна на Министерството за култура беше прогласено за град на културата за 2023 година. Тоа значи голем број на активности до крајот на оваа година, а големиот број на културни активности секако ќе придонесат и за развој на туризмот, односно привлекување на голем број посетители.
За тоа кои се туристичките потенцијали на Крушево поразговаравме со господинот Томе Христоски.
Господине Христоски, да почнеме со она што најново го најавив, а тоа е Крушево град на културата, престолнина на културата за 2023 годин. Кои активности ги планирате да се одржат тука во највисокиот град во нашата држава?
Она што значи развој на туризмот, она што значи град на култура, традиција и историја и сето тоа сака негување. Сето тоа го правиме во изминатите години и добиваме и на повик на донаторите кои ни стојат на располагање, затоа што Крушево е примамливо и посакувано. Она што го правиме ние е Крушево да го направиме дестинација за сите 4 сезони и оние сите настани кои ги правиме да не ги сконцентрираме во еден период од годината, туку тие ги развлековме во сите 4 сезони, започнувајќи од април па се до 31.12. Започнуваме со повеќе манифестации и создржини, културни, спортски, историски, негување на традицијата на Крушевчани итн.
Движечкиот мотор на туризмот во Крушево се параглајдеристите и змајарите, кои тука доаѓаат буквално од целиот свет, знаеме за тоа влијаат одличните термички услови, одличните временски услови кои нудат можности за развој на овој спорт. А кога станува збор за овој спорт, оваа година тука ќе се одржи и светско првенство во змејарство?
Она што ние сме должни како општина е да изградиме инфраструктура која значи раст и развој на туризмот. Во изминатиот период оди во подем авантуристичкиот туризам, како што е параглајдерството и змајарството, од аматерски првенства кои ги затекнавме во Крушево, денес имаме, или оваа година организираме 7 меѓународни натпревари, како англиското државно, чешко, словачко, словенско и за прв пат оваа година германското државно првенство, меѓу кои е и светското првенство за змејарство. Во тој период очекуваме голема бројка на посетеност, покрај спортистите, знаеме дека во 2019 се одржуваше и светското првенство во параглајдерство во кое имавме рекорден број на посетеност, од 49 земји во светот имавме околу 150 натпреварувачи, но не се тука само натпреварувачите, тука се и оние следачи, гледачи, посетители. Крушево е примамливо во тој дел од годината, не само во градот.
Колку посетители очекувате за ова светско првенство во змајарство и кога ќе се одржи?
Очекуваме вкупно за сите натпревари над 2.500 до 3.000 посетеност.
Кога станува збор за овие адреналински спортови, освен параглајдингот и змајарството, Крушево посветува внимание, односно го најде својот рецепт за привлекување на туристи и во однос на другите вакви спортови кои ги привлекуваат љубителите, како што се планинарењето, планинскиот велосипедизам?
Обележавме минатиот период 42 километри патеки за велосипедисти, она што во наредниот период ќе го имплементираме се даунхил патеките, заедно со градот Елбасан од Република Албанија, меѓуграничен проект од ЕУ, добиен од Општината.
Се надевате дека планинскиот велосипедизам ќе добие на значење исто како и параглајдерите?
Па таа е нова таргет група која ја направивме, заедно со мојот тим веќе воспоставивме контакти со повеќе организатори на тие манифестации и веќе имаме најава на големи очекувања, онака како што е параглејдерството, да имаме нова содржина велосипедизмот.
Спортистите се одамна ваша таргет група, која исто така се движечката моторна сила на туризмот, а оваа година за прв пат ќе се одржи и „Трофи 4х4“, каде ќе присуствуваат голем број на теренски возила од целата држава и странство, кои ќе бидат тука 3 дена во месец мај?
Точно така, на 19,20 и 21 мај веќе се откупени поголемите капацитети или хотелскиот дел во Крушево, ќе имаме големи Трофи или оф-роуд тури низ Крушево, каде голем број на спортисти од тој дел на авантуристичкиот туризам ќе не посетат во Крушево и Крушево навистина од ден на ден се повеќе заликува на авантуристичка, но и препознатлива и посакувана дестинација за сите.
Го споменавте тука и пливачкиот маратон, можеби некој ќе се зачуди како Крушево има пливачки маратон, но еве за тие гледачи кои не знаат и не го посетиле Крушево, што не верувам дека има некој во државава што не го посетил преубавото Крушево, Крушево има едно мало вештачко езеро кое е навистина прекрасно и тој предел наликува на швајцарските алпи. Вие успеавте во едно такво мало езеро да организирате пливачки маратон?
Точно така, на Крушевското Езеро ние претходно овозможивме услови. Што значи тоа, ја тестиравме самата вода дали е добра за капење и одржување на вакви настани, не е тука само пливачкиот маратон, тука има и кајакарење со аутдор фестивалот. Пливачкиот маратон е државен натпревар кој се одржува трета година во Крушево.
Кои поголеми културни настани се планираат оваа година во однос на одржување на концерти, аудор фестивали итн.?
Тука е настанот „When in Krusevo“ каде млади ентузијасти со потекло од Крушево, сега работат надвор од Крушево, го организираат тој настан и од година во година привлекува голем број на гости. Само за еден викенд минатата година привлековме околу 2.500 гости и туристи од државата и надвор од неа. Организираме заедно со естрадни уметници, го вклучуваме локалните даватели на услуги, рестораните, хотелите да се приклучат, мора ние да градиме партнерски однос за да имаме подобра локална економија. Ако гледаме само за нас како Општина, тоа не можеме сами никогаш, мора да градиме партнерски однос не само со давателите на услуги, туку и со организаторите. Тие да го прават својот интерес, а од друга страна да имаат интерес и локалните давачи на услуги. Тука е исто така и манифестацијата „10 дена Крушевска република“ , на која сум јас воедно и претседател на самиот настан, во таа 10 дневна програма ќе имаме повеќе содржини од областа на културата, спортот, историјата, негување на традицијата и традиционалните вредности на духот на живеењето на Илинденското востание, коњаницата ни доаѓа од Скопје, воспоставуваме контакти не само тоа подобро да одекне кон домашната публика, туку и кон странската публика. Она што исто така правиме напори, децениски проблеми што имавме во минатото, односно водата за пиење, веќе во наредниот период ќе се реконструира и правиме мониторинг систем во самиот град на главната водоводна мрежа и терцијалните поврзувања со индивидуалните приклучоци, а тоа се куќите, рестораните и хотелите. Мислам дека ќе имаме заштеда тука, затоа што имаме огромни загуби на вода во изминатиот период, меѓутоа не седиме и не гледаме така рамнодушно за да не зафаќаме во иднина други води. Работиме со физибилити студија заедно со странски донатори како да дојдеме до капка повеќе вода.
Да, кога ја спомнавте водата, таа навистина преставува голем проблем и за самите жители, но и за туристите кога ќе дојдат, а нема вода, тоа влијае навистина негативно за развојот на туризмот. Дали би можело во иднина да се најдат тие нови извори со вода?
Ние не смееме да дозволиме на посетители и гостите да оставаме лоша слика, она што во моментот работиме е во позитивна клима и успешна приказна за нешето Крушево. Тоа го правиме заедно сите, не се ставам само јас на времена позиција, туку заедно со мојот тим и заедно со нашите сограѓани можеме да направиме успешна приказна и сите оние кои мислат добро на Крушево.
Споменавме за зимата дека има се помалку снег, но и оној снег кога ќе падне некогаш создава проблеми околу чистењето на улиците, а тука е и паркинг просторот. Нема каде да се паркира возило кога ќе дојде турист, недостасува паркинг простор, како во иднина планирате да го решите овој простор?
Што е многу битно за Крушево е тоа да направиме одржлива дестинација. Одржлива дестинација ќе направиме ако сите овие работи кои ги напоменавте и кажавте да од една страна ни дојдат се повеќе гости и туристи, а од друга страна ние да имаме подобра економија. Но ние како Општина и јавното комунално претпријатие да му се ставиме во служба на граѓаните, а тоа значи подобри и почисти улици, јавната чистота и чистењето на снегот треба да бидат врвен приоритет на Општината и тоа го правиме, меѓутоа со симболичен буџет повторно ќе кажам успеваме да се справиме со сите овие предизвици кои ги кажавте досега.
Еден од проблемите кои ги има не само Крушево, туку и цела Македонија е иселувањето. Кога станува збор за иселувањето, тука е и недостигот на човечки ресурси, човечки кадар во угостителскиот сектор кој е буквално погоден во целата држава. Знаеме дека во претходните години хит дестинација за оние кои работат во овој сектор, кувари, келнери итн., е Хрватска. Сигурно и вие го имате овој проблем, ни престои нова сезона, очекуваме голем број на туристи во Крушево, но немаме работна рака. Како ќе се справите со тоа, односно како угостителскиот сектор ќе се справи со тоа?
Точно така, вие сте во право повторно, на тоа дека младите се иселуваат. Овој тренд не е само во Крушево, туку тоа е глобален, на државно, балканско, европско ниво има преселување. Но ние сме должни да ги задржиме младите на повеќе начини. Јас викам не можеме сите да бидеме на државно, мора да бараме алтернатива, а таа алтернатива ја гледам да бараме приватни а атрактивни слободни работни места. Да ги увериме оние донатори да вложат во Крушево, затоа што може да се живее, младите да ги задржиме во градот, да бидат поуспешни и да ја гледаат својата иднина тука во Крушево, да придонесуваат за градот, за општината и за самите себе си.
Околу потенцијалите на туризмот во Крушево поразговаравмер и со Татјана Хасану, раководител на одделот за Локален економски развој во Општина Крушево, со која што ќе поразговараме околу проектите кои значат развој на туризмот во овој град.
Кога станува збор за овие проекти, еден од позначајните кој се реализира во овој момент е оној проект за прекугранична соработка со албанскиот град Елбасан?
Проектот „Крушево и Елбасан – призната туристичка прекугранична дестинација“ веќе е во втората година од својата реализација. Како што јавноста е веќе информирана во рамките на овој проект веќе е изграден паркинг пред политиштето во Крушево, во рамките на параглајдинг центарот. Штом временските услови дозволат ќе почнеме со уредување на дел од дворната површина во рамките на таа катастарска парцела, како основа за поставување на урбаната опрема. Исто така со средства на Општина Крушево ќе се уреди просторот околу објектот на полетувалиште, со што параглајдинг центарот ќе биде целосно изграден инфраструктурно и опремен со потребната урбана опрема, која е барање на организаторите на натпреварите. Во рамките на овој проект, како дополнителни активности кои се очекува да отпочнат се поставување на смарт лед осветлување во градот Крушево, како и изградба на урбан даунхил патека, која е во една друга насока, во насока на привлекување на велосипедистите како една голема целна група, што ќе значи нов допринос кон развојот на локалната економија во Крушево.
Кога станува збор пак за параглајдеристите, исто така станува збор за еден проект кој за прв пат се реализира во тој дел, кај Мечкин Камен, односно реконструкција на патот од бензинската пумпа, односно местото викано Порта, па се до самата споменична целина, но тој пат е значаен пат за параглајдеристите, затоа што поминува покрај самото полетиште на Мечкин Камен?
Токму така, имплементацијата на овој проект ќе значи дополнителна вредност од аспект на подобрување на пристапноста на центарот за параглајдинг во Крушево и неговото позиционирање како едно од најдобрите полетувалишта во светски рамки, потврда за тоа се самите параглајдинг натпревари кои се организираат секоја година тука во Крушево и се се‘ повеќе на број. Но истиот пат води и до легендарниот Мечкин Камен, не смееме да го заборавиме, поради своето значење не само за Крушево, туку и за историјата на нашата држава. Проектот ќе опфаќа реконструкција на коловозната конструкција, тротоарите и изградба на нов паркинг простор.
Во иднина на кои проекти ќе се посветите за развојот на туризмот?
Во фокусот на нашите напори и активности е изградба на дополнително, односно алтернативно полетиште за да се прошири капацитетот на постојното полетиште, бидејќи како се проширува капацитетот истиот се исполнува. Тоа значи се поголем број на параглајдеристи и авантуристи кои доаѓаат во Крушево. Во таа насока е изградбата на ново алтернативно полетиште, но и подобрување на пристапноста на ски центарот Станич и адреналинскиот парк таму. Се надевам дека нашите напори ќе вродат со плод, бидејќи активностите кои ги планираме во рамките на овие проекти се реална потреба на целните групи и произлегуваат од потребите на лице мести.