ВИДЕО – Наместо напред, се враќаме назад, работничките права денес помали отколку во минатото


И во 21 век работничките права во Македонија продолжуваат да се кршат во повеќе сегменти. Наместо напредок во некои области има дури и назадување на овие права. Особено во делот на заштита и здравје при работа. Ова е ставот на НВO секторот кој се занимава со оваа проблематика.

„И исто така состојбата со правењето на автопатите каде што се сака да се зголемат работните часови на 60 часа, што е навистина невозможно затоа што работниците можат да се доведат во ризик, а тоа е градежен сектор. Знаете дека градежниот и земјоделскиот сектор во државава се во првите места каде имаме доста смртни случаи“, истакна Рубинчо Аризанкоски, здружение „Достоинствен работник“.

И поранешните синдикални лидери велат дека за жал во Македонија правата на работниците биле на далеку пониско ниво од минатото.

„Прво се крши законот за работни односи при вработувањето, во однос на вработување на определено време, во однос на вработување со договор на дело, што законот не го познава, а се експлоатира доста. Се кршат законот за прекувремена работа, за заштита при работа и многу други прописи“, изјави Лазе Ангелески, поранешен синдикален лидер.

И граѓаните признаваат дека нивните прака како работници никој не ги штител.

„Не е само да му дадеш 20.000 колку што е основицата и задоволен е човекот. Затоа ќе започнат со увоз на работна рака“, вели еден граѓанин.

 

„И затоа бега народот надвор. Недоволно платен, нема осигурување, немал ништо е затоа бегаат“, се надоврза друг граѓанин.

 

„Недоволно се платени, не се заштитени од државата, немаат доволно слободни денови“, додаде трет граѓанин.

Единствена шанса за промена на оваа состојба се гледа во недостигот на работната рака.

„И работодавачите ја сфатија таа работа и настојуваат да ја поправат таа ситуација, во смисла да ги подобрат рабтничките права, да ги покачат платите, во однос на работното време, во однос на заштитата при работа“, додаде Лазе Ангелески, поранешен синдикален лидер

Според граѓанскиот сектор тука би помогнало и доколку има социјално екомски совети во општините.

„Социјалниот дијалог треба да се воспостави на високо ниво иако го им,а тој е слаб, а е слаб поради тоа што во дел од општините се уште нема социјално-економско совети“, рече Рубинчо Аризанкоски, здружение „Достоинствен работник“.

Синдикалното организирање пак се уште останува само желба во добар дел од компаниите кај нас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи