Значајни откритија на годинешното 8 по ред истражување на неолитскиот локалитет Врбјанска Чука кај селото Славеј, во Општина Кривогаштани, кое што потекнува од 6.100 година п.н.е. За прв пат во една од 15-тината вакви тумби кои се истражуваат во Пелагонија е откриено неолитско погребување. Откриени се остатоци на 6 месечно бебе погребано во ѕидот на една куќа.
„Што укажува на тоа дека како животот на луѓето така и самите куќи биле третирани преку некакви човечки или органски обележја и и се дава и на куќата живот со тоа што се инвестира во неа со нов живот, односно со живот од мало дете, кое е погребано во фетус позиција. Што потврдува дека тој регенеративен аспект на архитектурата ниту во Врбјанска Чука не бил заменет бидејќи тоа е една од религиските суштини на неолитските луѓе кои живееле и во Пелагонија и пошироко“, истакна Д-р Гоце Наумов, Центар за истражување на праисторијата.
За прв пат на Балканот откриен е и објект со дури осум големи амбари, кои собираат над 1 тон жито, што докажува дека неолитските луѓе имале колективни стопански простори, каде повеќе заедници го собирале житото.
„Така што тоа е еден многу интересен новитет кој покажува дека овие луѓе кои го формирале овој локалитет, т.е. ваа населба некаде 6.100 години п.н.е. бијдејќи имаме нови податоци кои го потврдуваат ова постаро датирање на населбата, всушност биле концентрирани ан тоа колективно чување на ресурсите потребни за храна и најверојатно биле како заедница ангажирани во одгледувањето на храната“, додаде Наумов.
Со археоботаниката или анализирање на остатоците на растенијата на локалитетот е утврдено дека овие луѓе биле од најстарите земјоделци во Европа кои дошле тука од Анадолија.
„Пред да започнат да се населуваат на овие наоѓалишта луѓето собирале само растенија од дивината и не се занимавале со земјоделство, тоа е многу важна пресвртница во животот на луѓето кога започнуваат да живеат заеднички живот и да ги одледуваат растенијата“, вели Амалија Сабанов, Филозофски факултет од Белград, лабораторија за био археологија.
За прв пат Заводот и музеј поднесол и акт за валоризација на овој објект.
„Со што би го заштитиле овој значаен археолошки локалитет, во смисла да ги зачуваме сите овие археолошки и значајни културни вредности од нашата праисторија“, изјави Горан Цветкоски, директор на Завод и музеј Прилеп.
Годинава е откриена е и фигурина со типични белези на неолитските фигурини со досега најголеми бедра како други уникатни орудија.