ВИДЕО – Со традиционален планинарски марш во Прилеп одбележани 80 години од Февруарскиот поход


По повод 80 години од Февруарскиот поход во Прилеп се одржа традиционален планинарски марш по врвиците на истиот во околината на прилепската околина, со крајна цел манастирот Свети Димитриј кај селото Селце. Походот се одржал од 31 јануари до 24 февруари 1944 година, каде што учество зеле голем број партизани од партизанските одреди на Македонија. Големината во одржувањето на Февруарскиот поход е во тоа што тој има судбоносно влијание врз понатамошниот тек настаните од НОВ во нашата држава. Походот го организирал главниот штаб на НОБ на Македонија под раководтсво на командантот генерал Михајло Апостолски, членовите на ЦК на КПМ, делегатот на Врховниот штаб на КПЈ, Светозар Вукмановиќ Темпо, а во организацијата учествувала и британска мисија на чело со мајорот Џорџ Квајн.

„Целта било да се разгори борбата низ цела Македонија со непријателските сили, со бугарските и германските окупатори, се воделе жестоки борби на цела терторија со оглед на фактот што Првата Македонско-Косовска ударна бригада се насочила во Азот, Порече во западниот дел на државата, втората борбена група во којан учествувала Втората Македонска ударна бригада, била насочена во делот на Тиквешијата и Гевгелиско се со цел да привлече поголема сила од страна на непријателот и да му го олесни патот на другите две групи, Првата и Третата. И третата во која бил и Главниот штаб на партизанските одреди преку Врадар преминала потоа преку планините Беласица, Плачковица, Осогово и стигнала до Куманово“, изјави Рубин Белчески, историчар и Претседател на Општинската организација на борци од Прилеп и почитувачи на нивното дело.

Една група партизани поминала 260 км. или по 18 км на ден, а додека друга група партизани поминала околу 460 км. за 20-тина денови. Походот се одвивал во премногу тешки, зимски услови со постојани борби со фашистичкиот окупатор.

 „Акциите допринесле за брзо да се создаде слободна територија во манастирот Свети Прохор Пчински и набрзо потоа, да се одржи Првото заседание на АСНОМ на кое се удрени темелите на Демократска федеративна Македонија како составен дел од Демократска федеративна република Југославија. Секако дека тоа покасно во услови на референдум државотворните одлуки на АСНОМ претставуваат и основа за референдумот од 8 Септември 1991 година за прогласување и изгласување од страна на граѓаните, за самостојна и суверена Република Македонија“, додаде Белчески.

 Настанот заврши со посебна пригода и традиционален ручек за сите учесници кои освен од Прилеп ги имаше од повеќе градови од Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи