Европското знаменце често се злоупотребува при носењето закони – Министерството за финансии најчест подносител

Facebook
Twitter
Email
Print

Минатата година биле поднесени 160 предлог закони, од кои дури 130 по скратена постапка. Дури 35 закони биле поднесени со европско знаменце, а и од нив 20 по скратена постапка.

Злоупотребата на европското знаменце во Македонија е непосредно поврзана со скратената постапка за донесување на законите надвор од редовните демократски процедури, што е  проблем на кој укажува и Комисијата на ЕУ во извештаите за напредокот на земјава. Крвичниот законик, законот за Академија за судии и јавни обвинители и петте закони за изградба на коридорите Бехтел и Енка воопшто и не смееле да бидат донесени со европско знаменце затоа што не ги исполнувале формалните критериуми, а тоа значи дека била злоупотребена постапката.

Според пофесорката Мирјана Најчевска неосодветното и прекумерно користење на европското знаменце при носењето на законите е јасно нотирано и во последниот извештај на ЕК.

„Извештајот на ЕК за 2023 година е многу страшен, тоа е диретен шамар на се она што преставува законска процедура во Собранието и употреба на еу знаменцето. Во него се употребуваат зборови прекумерно и несоодветно. Значи прекумерно се употребнува скратената постапка и несоодветно се употребува знаменцето за Законите. Јасно и гласно вели дека не смее да се користи еу знаменце за намалување на дебатата. Со ова се испраќа многу јасна проака и покрај тоа што не се употребуваат зборовите злоупотреба – дека постои злоупотреба на знменцето за донесување на законите и узурпација на демократските процедури“, истакна Најчевска.

Одговорноста за несоодветата уптреба на еу знаменцето од Институтот ја лоцираат во Собранието, кое како контролор на Владата требало да спречи носење на Закони кои не ги исполнувале условите и кои имаат големо влијание и врз правниот поредок на државата и врз буџетот.

„Претседателот на Собранието има клучна улога во профаќање и проследување на закони со европско знаменце. Тој треба да ги стопира ако нешто не е како што треба, тој е тој што треба да ги врати документите до надлежните министерства и тие имаат рок од 15 дена да направат се како што треба. Значи вината ја лоцираме кај претседателот на Собранието“, проача директорката на Институтот.

Најчест подносител на закони со европско знаменце и по скратена постапка е Министерството за финансии, второ е Министерството за информатичко општество, а трето Министерството за транспорт и врски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи