Коцкањето полека, но сигурно станува порок кој му се доближува на алкохолизмот и конзумирањето на дрога. Прилеп е еден од градовите каде тоа убедливо води. Прилепчани на шега велат дека секој втор поголем дуќан во центарот на градот e или казино или спортска обложувалница, а секој помал дуќан до него е фирма за брзи кредити кои им помаат во бизнисот на претходниве. Токму затоа во состав на друштвото за лекувани алкохоличари се отвори и одделение за лечење на оваа зависност кој го псоетуваат во моментов 10-тина лица.
„Се работи за релативно млади личности кои се исклучително интелегенти и надарени и добри логичари. Се чувствувата самоуверени, доста се успешни, социјализирани, екстровертни. Меѓу главните причини за коцкање е причината да се донимира. Бидејќи на тој начин тие сметаат дека се слободни да трошат средства во оној опсег во кој што не се моќни да ги вратат и таа нивна моќ постепено се претвора во зависност затоа што кога ќе започнат да губат тие мислат дека со понатамошно играње ќе ги повратат средствата“, рече Јован Велески, специјалист по медицинска психологија, раководител на клубот за лекувани алколичари и зависници од коцкање.
Иако коцкањето на меѓународно ниво се води како болест за жал тоа кај нас не е регистрирано како такво.
„Ако има потреба од психијатриска или медицинска потреба ние ги упатуваме таму, а ако се за присохолошка помош гледаме кој дел од нивната личност е стабилен, кои се нивните способности, секако правиме психодијагностика преку тестови за да може да ги усмериме како понатаму тие да си го нормализираат животот, а истовремено да ги анулираат загубите кои ги направиле со непресметливото коцкање“, додаде Велески.
Граѓаните и младите и постарите признаваат дека оваа зависност е се поголема кај нас и дека потребни се вакви советлувалишта и програми.
„Знам од лични примери, мои другари кои се коцкаат на апарати или ставаат на спортска, за мене тоа е исто, носат само лоши работи. Кај нас се дозвлолуваат во овие објекти и млади под 18 години да се коцкааат на апарати и да поднесуваат ливчиња, нема контрола. И кај нас е најтешко да си признаеш дека си зависник од коцкање и дека треба да одиш на такви советувалишта или лечења. Незнам како ќе функционира тоа, тешко дека ќе се нафати некој да оди, а за жал и би бил осуден и од околината кај нас, но ако ги има тие советувалишта мислам дека ќе има голем бенефит“, вели еден млад прилепчанец.
„Немаштијата ги тера, луѓето изнајдуваат милион начини да дојдат до пари. Еден од тиа начини е и коцкањето. Да се стекнат пари експресно, најбрзо што можи. Нас ни требаат програми, економски социјални образовни, културни за да се едуцираат младите што значи таа работа, но од друга страна и да му се овозможи простор и да се стекнат сдо парични приходи за да не влегуваат во шемата на коцкањето“, рече еден граѓанин.
„Причина е лесно заработување на пари, без работа пари, ама тоа не оди така. Потребно е или да се стопираат овие работи, да се забрани и онлај коцкање или да им се стават големи даноци“, вели друг граѓанин.
Според светските статистики само 7 проценти дневно од сите вложени средства во коцкарниците се предвидени да се вратат назад кај граѓаните, но за жал и покрај оваа зависност зема се поголем замав.