ВИДЕО – Стартуваат карневалите – „Мечкарите“ беа во Перник, следува „Прочка“, а во март заминуваат за Исерниа, Италија


Денеска се наоѓаме во друштво на една од најпознатите маски не само во Прилеп, туку и во Македонија, а тоа е брендот „Прилепски мечкари“ и ќе поразговараме со Гоце Манески, еден од водачите на оваа група.

Членовите на „Прилепски мечкари“ веќе ги подготвуваат костимите кои ќе ги носат за нашиот добро познат карневал, а тоа е за празникот Прочка?

Манески: Повод за овој денешен разговор кој го водиме е вашето гостување минатиот викенд на еден од најголемите карневали на Балканот, а тоа е во Перник, соседна Бугарија. Како поминавте и што се случуваше на овој голем карневал?

Изминатиот викенд на покана на Бугарите бевме во градот Перник, 3 дена бевме таму на еден голем, а можам да кажам и најголем и во Европа карневал.

Манески: Присуствувавме со нашата маска, убаво си поминавме, имаше многу маски, тоа е голем карневал со 12 илјади маски, кој се одржува 3 дена од сабајле до вечер.

12 илјади маски од цела Европа?

Манески: 12 илјади маски од цела Европа, значи многу голем и многу убав карневал.

Тоа е исклучиво фестивал на традиционална маска, како „Прилепски мечкари“?

Манески: Да, традиционална, има маски и од други држави, а има и од секој град во Бугарија, секој има своја маска, секое село своја маска, многу добар карневал, браво за Бугарите.

Колкава беше најголемата маска?

Манески: Има маска од 600 луѓе, тоа се многу убави маски, многу убави.

Какво е чувството да се биде дел од една манифестација со 12 илјади луѓе?

Манески: Многу убаво чувство, многу убаво си поминуваме таму, многу убава организација пред се, организацијата е број 1, ни даваат смештај, 3 дена таму седиме и се претставуваме. Благодарност до Општината, ни обезбеди оваа година превоз до таму. Значи нашата Општина го обезбедува превозот, а другите средства ги обезбедуваат Бугарите.

Секоја година сте дел од овој карневал?

Манески: Па речиси секоја година одиме таму. Сега сакаме да одиме во Италија, исто и лани бевме, во градот Инсерниа, таму се одржува еден нов, почетен карневал, тие го викаат Карневал на зомби, значи карневал на страшни маски во која група и ние спаѓаме. Малку финансиските средства се тешки, да видиме ако собериме планираме на 12 март да одиме за Италија, во градот Инсерниа. Пред се да кажам дека кога бевме во Перник исто не поканија и во Сардинија да присуствуваме на нивниот карневал, исто зомби карневал, но мислам дека нема да можеме да појдиме бидејќи немаме средства. Нема кој да ни помогни, а тоа и кошта многу пари.

На овие карневали, ваквите маски се на еден начин културен амбасадор на една држава. Дали Македонија, па и Општина Прилеп треба повеќе да ги поддржи и карневалот „Прочка“ и „Прилепските мечкари“ за да на еден начин имаат повеќе можност да го претставуваат самиот град, нашата традиција, нашата култура, нашата историја?

Манески: Ние со самото одење на секој карневал, прво тоа што ќе го истакниме е македонското знаме, градот Прилеп и треба нешто да ни се помогни. Не мора се, барем малку, нешто што имаме ние наши средства, нешто од спонзори, ние сепак ја претставуваме нашата држава на секој карневал каде што одиме.

За жал во последниот период можеме слободно да кажеме дека од интернационален и карневалот „Прочка“ се симна на локален карактер и ги нема повеќе оние групни маски кои доаѓаа тука од цела Европа.

Манески: Па не може да има, пред 5-6 години беше интернационален, идеа овие ние каде што одевме и ги поканувавме да дојдат и тие. Сега бидејќи нашиот не е повеќе интернационален, ние одиме, а не можеме нив да ги поканиме и тоа не е добро, но тоа е, нема да има странски. Не знам годинава како ќе биде за „Прочка“, но мислам дека нема да има странски екипи дојдено.

Да се надеваме дека целата оваа ситуација ќе се смени, затоа што овие карневали се навистина промотор на културата на еден народ, но ете за жал кај нас наместо да одиме напред се враќаме назад.

Манески: Да повторам, во Бугарија иди цела Европа, има и кој да те види и има и кај да се претставиш. Не како кај нас, кај нас ние се претставуваме и дел од училиштата и некоја друга мала маска.

Да кажеме збор два за „Прилепските мечкари“, навистина една карактеристична маска, колку е стара и од што се состои?

Манески: Нашата маска е стара можеби повеќе од 150 годинии оваа маска е заштитена маска, нашата маска ја нема никој на светот. Ние одиме на секакви карневали, има некои имитации, но како нашата ваква каква што ја гледате сега нема никаде. Така си е специфична, така ја правиме и не смее никој да не копира.

Еве прво до тебе тука да ги погледнеме што претставуваат овие ѕвонци?

Манески: Ги ставаме околу појас и со нив се бркаат злобните духови, со самото тропање на ѕвонците. Ставаме и глави од животни, рогови и такви работи.

Колку тежи еден голем ѕвонец?

Манески: Тежат по кило и пол, некои и 2 кила, еве мојот комбилизот комплетно тежи 38 килограми.

Колку време треба да го носиш со 38 килограми?

Манески: Па еве во Перник како што одиме, некаде од 2 и пол часа до 3, најмалку.

Тешко е да се биде под маска?

Манески: Многу тешко, но желбата е голема и мора да се носи.

Колку се стари овие ѕвонци и дали се изработуваат сега?

Манески: Сега се прават ѕвонци, еве нов ѕвонец, но тоа е сето имитација, никогаш нема да бидат како старите ѕвонци, како што ќе тропни стариот ѕвонец не може да биде новиот, сега се е имитација. Има стари ѕвонци и по 50-100 години, еве овие се останати стари, но сепак се кршат и во обновата ставаме и нови ѕвонци, но не е тоа што треба да биди.

Освен ѕвонците, се носат и кожи, од каков вид на животни, како се добиваат, како се подготвува еве една маска која може да ја погледнеме тука?

Манески: Конкретно оваа маска, односно сите кожи овде се од коза, јарешки. Овде ставаме од јагне за да биде помека, еве и рогови, а на суратот, што е многу значајно за нас се ставаат пуленки, париња, петличиња, може да видите и заби од дива свиња, тој си ставил и куршуми овде, значи секој си става што сака и секоја година мора нешто да се додаде, тоа ни е како аманет, не може да остане исто, секоја година нешто се додава.

Да биде поразлично.

Манески: Да, поразлично, поново, поубаво. Еве и од лисица, имаме и опашка од крава како мустаќи и брада.

Како се подготвуваат овие кожи, дали има специјална процедура?

Манески: Значи најголем проблем сега ни е со снабудвањето на кожи. Еве како што гледате, почнуваат да се ветват, се кинат, нас и таква ни е маската, треба да играме, се тркаламе по земја и се кинат. Сега најмногу имаме проблем во обновата, нема сточен фонд и нема од каде да набавуваме, едноставно се мачиме, а кога ќе најдиме ги носиме прво на штавување и потоа ги кроиме кој како му одговара. Но проблем ни се кожите, многу голем проблем. Сега се уште се држиме, но како што паѓа сточниот фонд ќе снемаме кожи.

Ќе треба од странство да се набавуваат?

Манески: Да, имаат Бугарите, со Кристијан видовме кожи во вредност од 2.000 евра една кожа.

Една маска?

Манески: Да, баш ланска година ги прашувавме, велат ние 4-5 години ја чуваме, специјално се чува животното само за влакното, да нарасти колку што треба и потоа се коли само за кожата.

Да ве прашаме, како се викате, име и презиме, како се чувствувате под оваа маска?

Нешкоски: Димитар Нешкоски, се чувствувам убаво.

Бевте во Бугарија?

Нешкоски: Бев, да.

Кои се вашите импресии оттаму?

Нешкоски: Многу маски, имаше преку 12 илјади маски.

Прв учествувавте на тој карневал?

Нешкоски: Да.

Вие сте најмлад член на „Прилепски мечкари“. Колку години имате?

Нешкоски: 16.

Што те натера да бидеш дел од оваа маска, традиција во семејството или?

Нешкоски: Традиција.

Што им препорачуваш на младите врсници како тебе, да го продолжат овој карневал, оваа традиција, историја?

Нешкоски: Убав е настанот, препорачувам да се продолжи традицијата.

Навистина интересна маска, колку е стара и да ни се претставите?

Петрески: Јас сум Христијан Петрески, оваа маска е стара  17 години.

Колку време си член?

Петрески: 17 години.

Како стана дел од „Прилепски мечкари“?

Петрески: Со љубов, со ќеф.

Еве твоите искуства од карневали каде што си бил, какво е чувството да се биде под еден ваков вид на маска?

Петрески: Чувството е многу убаво, имаме појдено во Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија редовно одиме.

Треба ли овие карневали да се поддржуваат повеќе кај нас?

Петрески: Треба, да.

Сега како е?

Петрески: Сега е слабо, кај нас е многу слабо, нема од други држави покането.

Да се надеваме дека ќе се смени целата оваа ситуација и дека и карневалот „Прочка“ која треба да се одржи на 2 март оваа година ќе го добие своето заслужено место. За крај, дали се подготвувате на овој карневал, што ќе има, како ќе изгледа оваа година?

Манески: Се подготвуваме, пак почнуваме за неколку дена да ги средиме кожите од што бевме во Бугарија, да видиме некое ново детенце да не сака да иди, средуваме и за нив костуми, нашите костуми ги средуваме, се спремаме.

Колку мина брои маската „Прилепски мечкари“?

Манески: Па за „Прочка“ овде кај нас сме околу 50, а кога одиме настрана не можат сите да дојдат, сега во Бугарија бевме 30 луѓе. Но се движи бројката од 30 до 50, тука сме некаде.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи