Во услови кога цените на храната дивеат, не само во Македонија туку и во регионот, а Македонија како држава годишно поради недостиг на храна одвојува 1 милијарда евра за увоз, единствен излез од ваквата ситуација е зголемување на домашното производство и прекунувањето на третата страна во синџирот производители, трговец, купувач. Ова е ставот граѓанските здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика. Директното купување од земјоделците ќе придонесе граѓаните да добијат поевтини и поквалитетни производи, а трговците ќе ги примора да ги намалат веќе неморално високите маржи.
„Slow Food Macedonia за оваа цел низ годините наназад организира пазари за фармери, кои не се долгорочно решение на овој проблем, но се добра алтернатива, за да се започне да се купува од помалите производители за да се избегне купување на прозиводи кои се произведени во странство, а се увезуваат кај нас. И да се влијае на зголемување на производството на храна во нашата држава“, истакна Тодорка Наумоска Димеска, претседател на Slow food Prilep.
Како држава за 15 години сме доделиле над 1.5 милијарди евра за субвенции во земјоделството, а храна има се помалку и секоја година е се поскапа и поскапа. Според познавачите на приликите потребни се итни мерки за промена на целата земјоделска стратегија.
„Порано земјоделството беше 12% од нашиот БДБ, а сега е само 8%. А сем држава која има и сончеви денови и поволна клима и почва за развој на земјоделското производство, зборувам и за квалитет и за квантитет. Ни недостасуваат развојни мерки и поголема поддршка, организирање на земјоделците и намалување на тој синџир на добавувачи. Земјоделецот да може да има директна поврзаност со самиот купувач или со дополнителниот алтер, во синџирот на добавувачи и најважно од се загарантирана откупна цена и ценење на земјоделскиот труд“, вели Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.
Освен бојкотот на маркетите како алатка за да се примораат трговците да ги намалат цените е и оваа мерка од која бенефит ќе имаат и купувачите и производителите, но и самата држава.