ВИДЕО- Младите недоволно ги искористуваат бенефитите на земјоделството како професија – проект GREEN UP YOURSELF


Младите се повеќе се иселуваат од селата, а производството на храна опаѓа постојано, не само во Македонија туку и во целиот регион. Недоволно се знаат и се искористуваат можностите и бенефитите кои ги нуди земјдоделството како идна професија на младите. Токму затоа ЛАГ АГРО ЛИДЕР го реализира проектот GREEN UP YOURSELF за зелено претприемништво за млади. Како дел од проектот се и граѓански организации од Словенија, Шпанија, Кипар и Грција.

 „Со нив заедно во изминатите 2 години работевме на креаирање на иновативна платформа за да можат младите да пристапат до знаења, а воедно и до менторска поддршка за да започнат свои зелени претприемачки потфати. Навистина работиме на зголемување и поттикнување на знаењето и поттикнување на младите да се вклучат во светот на зеленото претприемништво“, вели Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР

 

„Кај нас треба да се направат регулативи кои ќе им помогнат на младите и ќе ги поттикнат, меѓутоа не само финансиски, туку и едукативно, да се сфати важната улога на земјоделството, бидејќи без земјоделство нема храна, без храна не може да се опстои и не може една држава да биде независна ако не произведува храна“, додаде Филип Димкоски, агроном

Преку оваа програма младите кои ќе сакаат да бидат дел од зеленото претприемништво ќе добијат бесплатни совети, менторска поддршка како и како и мoжности за грантирање. Но и според граѓанскиот сектор сите вакви иницијативи би биле залудни доколку нема поддршка од владите.

Најпрво потребна е поддршка од владата, бидејќи ние како невладина организација ќе ги тренираме, ќе ги обучиме, меѓутоа сепак треба дополнителна поддршка од владата за да може да се оствари, а нешто и од општината“, рече Мигуел Викарио, дел од проектот од Шпанија.

СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп изработи дигитална платформа со повеќе алатки за овој проект.

Алатки кои ни помогнаа полесно да ги доближиме зелените вештини, зеленото претприемништво и да влијаеме како клучен фактор во подигнувањето на свеста кај учениците за потребата од промена“, истакна Ѓорѓија Гагалески, професор во СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп.

Проектот е поддржан од поддржан од Еразмус+ Програмата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи