Денес, во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, по четврти пат се отслужи велигденската дневна Божествена Литургија, како продолжение на радоста од полноќната воскресенска богослужба. Оваа Литургија е особено значајна за оние верници кои не биле во можност да присуствуваат на полноќната служба, а пред сè за најмладите, кои тешко можат да учествуваат во ноќните богослужби.
Токму затоа, оваа Литургија им овозможува и ним да се причестат и да се соединат со Христа Воскреснатиот, доживувајќи ја полнотата на велигденската радост. Особено радува фактот што денес повеќе од двесте деца и возрасни пристапија кон Светата Причест. Ова сведочи дека оваа Литургија веќе го најде свото место во богослужбениот живот на нашиот град, како одгвор на живата потреба и интерес на верниот народ. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!




