Избрани наградените ученици од конкурсот „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“

Ерика Јованоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ја доби првата награда за напишан расказ на конкурсот кој го распиша Општина Прилеп, во соработка со основните училишта, по повод патрониот празник на градот, а чија тема беше „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“. Второто место го поделија учениците Иван Танески и Борис Ночески од ООУ „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски-Јане“, а третото место и припадна на ученичката Матеа Стојаноска од ООУ „Рампо Левката“.

 

Наградените творби ги селектираше комисија составена од 5 члена и тоа : м-р по филолошки науки во областа на македонскиот јазик Јулијана Талеска од ООУ „Климент Охридски“,  дипломираниот филолог по македонски  јазик Сузана Николоска од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Наташа Кулеска од ООУ „Кочо Рацин“, дипломиран професор по македонски јазик и двајцата членови од Општина Прилеп Снежана Ристеска, советник за култура и Марија Ташкоска, соработник – коресподент.

 

„Најпрво би сакала да ја поздравам идејата на локалната самоуправа од Прилеп учениците повеќе да творат и да се изразуваат на дадена тема по повод патрониот празник на нашиот град „Свети Никола“. Конкурсот предизвика голем интерес кај учениците. Беа пријавени ученици од сите централни и подрачни основни училишта што се наоѓаат на територијата на Општина Прилеп. На конкурсот пристигнаа добри творби, жири комисијата имаше навистина тешка задача да ги определи најдобрите“, истакна Сузана Николоска дипл. филолог по македонски  јазик од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

 

За првата награда предвидени се 3.000 денари, за втората 2.000 денари и трета награда ќе добие 1.000 денари, средства кои ќе се издвојат од буџетот на Општина Прилеп, наменет за развој на образованието.

 

 

Наградите на учениците ќе им ги врачи градоначалникот Илија Јованоски, на празникот „Свети Никола“ во 13.15 ч во својот кабинет во Општина Прилеп, а освен учениците благодарбици и пофалници ќе добијат и нивните ментори.

 

Овој конкурс е во состав на многуте активностите кои се реализираат како дел од одбележувањето на патрониот празник на нашиот град. Во недела пак градоначалникот, заедно со годинешниот домаќин, ќе ги посети прилепските домаќинки кои ги подготвуваат малите посни сарми, во манастирот Св. Димитрија, во селото Селце, а кои ќе им бидат послужени на граѓаните на светиниколската трпеза која ќе биде поставена во центарот на градот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи