„Друмарина“ – За 100 000 евра Бонева паралелно и возела и гласала во Собрание

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалното јавно обвинителство објави дека отворило истрага под кодно име „Друмарина“ за патните трошоци на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

 

Силвана Бонева е осомничена за злоупотреба на службената положба и незаконско прибавување на 100.000 евра на име парни трошоци. Според истрагата на Специјалното јавно обвинителство, Бонева од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини.

 

Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило. Воедно таа е рекордер во наплатен надомест за службени патувања, при што на овој начин го оштетила буџетот за 5 973.802 денари или 100.000 евра.

 

„Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи.

 

Од СЈО велат дека можно е истрагата да се прошири во повеќе насоки, со што би се опфатиле и други пратениците. Од таму напоменуваат дека, сепак, се ограничени само на кривични дела поврзани со прислушуваните разговори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи