ВИДЕО – Заев : Просечната цена на тутунот е 209,5 кг. по, а од 2018 ќе има зголемување и на субвенциите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, посебната советничка за земјоделство шумарство и водостопанство на премиерот, Ленче Николовска и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска го посетија откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп каде од лице место се запознаа со актиелните состојби при откупот на тутунот. Просечната цена која е постигната досега е 209,5 денари за килограм тутун, заедно со субвенциите се добива просек од 269 денари или околу 4,4 евра.

 

„Ова е убава година за тутунопроизводителите, затоа што има добар квалитет на тутунот. Со сегашната просечна цена можеме да кажеме дека тутунарите остваруваат достоинствени приходи. Разговаравме со земјоделците тенденцијата е секогаш да има уште подобри цени, но споредувајќи го минатото со она што се случува денеска навистина трендот на покачувањето на цените е задоволителен. Јас можам да го повторам тоа што земјоделците го кажуваат дека ако од 10 декари се произведува некои 1.600 килограми или од декар 160 кг. Тоа значи некои 7.000 евра приход за земјоделците. Имајќи во предвид дека просекот кој се работи е 7 до 8 декари по семејство, доаѓа околу 5.000 евра приход за семејство кое што професионално се занимава со тутунопроизводство. Мене ми е важно заедно со Владата да продолжиме со трендот на продуцирање на зголемување на побарувачката за тутунот. Тоа значи дека мора да отвориме нови перспективи за Тутунскиот Комбинат Прилеп, тој ќе има своја иднина со што ќе се отвораат постапките за негова трајна трансформација каде што ќе ги зголемиме и количините на откуп, но и на количините на финалниот производ. Мило ми е тоа што влегуваат и нови откупни компании во Македонија. Фирмата „Мисиријан“ од Грција е веќе нов откупувач на тутун кој ќе започне со работа од март. Тие веќе отворија фирма „Мисиријан“ ДООЕЛ во Струмица, но ќе откупуваат и тука. Тоа значи зголемен број на откупувачи, зголемена побарувачка која што ќе ја подигнува цената на тутунот и на крајот на денот поголемиот дел заработката да останува кај тутунопроизводителите“, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

 

 

Заев потенцираше дека откупот се одвива организирано и контролирано, нема незадоволни тутунари, а резултат на тоа било зголемената побарувачка и добриот квалитет на тутунот. Во Македонија од ова гранка егзистираат околу 30.000 семејства или над 100.000 граѓани. Заев најави зголемување на субвенциите од идната година.

 

„Од идната година започнуваме со измените и дополнувањата на законот за тутун , а тоа значи воведување на растот на субвенциите. Знаете дека со промените на законот кои што оваа година ќе се донесат, а ќе важат од идната година, првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари, втората класа со 70 денари, а другите класи со 60 денари. Ова го најавувам за сите тутунопроизводители како дополнителна мотивација не само да произведуваат тутун, туку и да произведуваат квалитетен тутун, знаејќи дека ќе земат и поголеми субвенции. Остануваме максимално фокусирани на ова затоа што нашиот народ живее од тутунот. Ќе го поддржуваме и понатаму земјоделството, надевајќи се дека и младите генерации ќе бидат доволно мотивирани да продолжат со производство и на храна и на сите останати земјоделски производи како што е тутунот“, потенцираше премирот Заев.

 

Премиерот потенцираше и тоа дека во иднина ќе се организираат и јавни дебати со стручната фела како да се дојде до намалување на ценовната разлика помеѓу калсите, со која не се задоволни земјоделците. Сега првата класа е 280 денари, третата е 145, а втората 190 денари.

 

„Но најважно е како да продуцираме зголемена побарувачка од откупувачите. Тоа значи самите откупни фирми да имаат дополнителна побарувачка но и да донесеме нови, како што и доаѓаат. Сите ќе се натпреваруваат кој да го добие тутунот. Ако при ваков натпревар имаме исчекор каков што сите очекуваме тоа на крајот ќе значи ефект за подигнување на цената на тутунот. Неможеме да се пожалиме од оваа цена која што моментално ја имаме, секогаш може и повеќе , тоа е вечна борба, но се надеваме дека ќе ги следиме пазарните механизни, држвата е секогаш тука да асистира и да помага секогаш кога ќе се случат турболентни периоди, но мене ми е мило што навистина квалитетни пари ќе останат кај земјоделците за да можат да имаат и проширена репродукција“, додаде Заев.

 

На новинарско прашање кои мерки ќе ги превземе Владат за зголемување на системите за наводнување затоа што Прилеп е еден од регионите кои се соочуваат со овој проблем, Заев рече дека годишно Владата ќе издвојува по 10 милиони евра за оваа намена.

 

„Дел од политиката во земјоделството е обезбедување на системи за наводнување и водоснабдување. Годишно Владата издвојува 10 милиони евра за оваа намена и се предвидени во новиот буџет и програмите. Ако зборував дека се произведуваат околу 160 кг. во просек од декар тогаш можеме да стигнеме и над 200 кг. од декар ако имаме системи за наводнување. Тоа на сите ни е јасно, гледате дека се работи за зголемување поголемо од 30%, само ако има вакви системи и затоа ќе инвестираме во тоа“, рече Заев.

 

Претходно владината делегација го посети и Кривогаштанскиот регион.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи