Германија и Франција се здружија за да го направат најнапредниот воен авион

Facebook
Twitter
Email
Print

Франција и Германија потпишаа договор за заедничко развивање на нов борбен авион што ќе биде подготвен за употреба за 22 години.

 

Авионот ќе биде во оперативна форма некаде пред 2040 година, ако се има предвид колку време беше потребно да се направат неспоредливите авиони од петтата генерација во САД. Дополнителна причина за долгиот развој секако се и финансиите – Франција следната година за војската ќе одвои 39,7 милијарди долари од буџетот, додека Германија ќе потроши нешто повеќе од 43,5 милијарди долари. Почетните фази се очекуваат кон крајот на годинава, кога ќе бидат изработени првите студии за новиот авион.

 

Овие две држави се одлучија на ваков потег од економски причини, имајќи предвид дека развојот на новиот авион без сомнение ќе чини десетици милијарди долари.

 

Американците на развој и производство на двата повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација, F-22 Raptor и F-35 JSF, потрошија 66,7 односно 405,6 милијарди долари. Овие две земји тешко би можеле да издвојат вакви ресурси, ни заедно, па не поединечно.

 

Се очекува водечката улога во проектот да ја заземе Франција, поконкретно компанијата „Dassault Aviation“ која го произведува одличниот, но скап борбен авион од 4++ генерација Dassault Rafale. Од друга страна, германскиот придонес ќе биде во финансирање на проектот и дополнителна набавка на поголем број нови авиони.

 

Сличен проект Германија и Франција веќе имаат во поглед на развивање на нов тенк, каде Германија има водечка улога во развојот.

 

Очекувано, има малку детали за новиот проект, но може да се претпостават неколку можности во врска со новиот авион. Со оглед на тоа дека ќе ги замени Rafale (во Франција) и Eurofighter (во Германија), авиони што имаат по два мотори, се очекува дека и новиот ќе има два мотори.

 

Исто така, би требало да има и т.н. стелт карактеристики, односно смалена видливост на радар, а со оглед на тоа дека наоружувањето ќе биде „скриено“ во внатрешноста на авионот, се очекува дека ќе биде поголем од Rafale и Eurofighter.

 

Новиот авион ќе има напреден радар и моќен компјутер што ќе му овозможи брзо споделување на информации со други платформи.

 

Меѓу останатото, се очекува дека пилотот ќе има опција да управува со „јато“ дронови од авионот кои ќе напаѓаат непријателски цели. Авионот ќе биде повеќенаменски, оспособен за борба во воздух со други авиони, но и за гаѓање цели на земја. За таа цел ќе биде опремен со проектили воздух-воздух (најверојатно некоја помодерна верзија на Meteor), како и проектили воздух-земја и бомби со можност за навигација.

 

На барање на Франција, авионите ќе имаат опција и за носење проектили со нуклеарни боеви глави. Она што уште не може да се каже со сигурност е евентуалната можност авионот да полетува и слетува на носач на авиони што во моментов го има само Франција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи