Ослободени од вина членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски

Facebook
Twitter
Email
Print

Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска изрече ослободителни пресуди за Здравко Савески и Владимир Куновски, двајцата членови на политичката партија Левица.

 

Ослободителната пресуда е изречена поради недостиг на докази. Имено, од текот на постапката недмосмислено се потврдило дека Савески и Куновски биле со толпата, но не и дека извршиле демолирање.

 

Настаните за кои тие се товарат се поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и така наречената „Шарена револуција“, кои почнаа по аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. Поранешните членови на политичката партија „Левица“ беа обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, во центарот на Скопје, во април 2016. година.

 

„Jавното обвинителство во конкретниот случај не успеа да докаже надвор од разумно сомневање дека на ден 13.04.2016 година обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски со учество во толпа оштетиле или ќе уништеле имот од поголема вредност во смисла на членот 122 став 35 од Кривичниот законик, поради што согласно чл.403 ст.1 т.3 ги  ослободи од обвинението дека истите сториле кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.1 од Кривичниот законик. Согласно чл.106 од ЗКП, трошоците на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на РМ“, соопштија од судот.

 

Овој судски процес имаше 15 рочишта, а на самиот старт на судењето државното Правобранителство процени дека Савески и Куновски, наводно, причиниле штета во висина од 522.000 денари.

 

Првостепената пресуда доаѓа, по повеќе од две и пол години од настанот за кој што беа обвинети Савески и Куновски. Тие, на барање на Обвинителството, цели 50 дена издржуваа мерка куќен притвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи