Заев го предлагаат за Нобелова награда за мир. И ние се согласуваме да добие, но таа да не биде Нобелова награда за мир, туку Нобелова награда за лага. Бидејќи доста е со лажење, секое одење вака ќе биде, така ќе биде 2 години откако се дојдени на власт, ништо не потегнаа. Ова револтирано го истакнаа поранешните вработени во Еурокомпозит, кои денеска повторно одржаа мирен протест во Прилеп, барајќи си заостанатите плати, неисплатените придонеси и неисплатената отпремнина.
„И во краен случај ако треба повторно ќе одиме во Скопје пред Влада и не заминуваме додека не се реши ситуацијава. Утре 28 февруари е рокот кој ни го даде директорот, дека до тогаш ќе ни биде исплатена отпремнината. На 130 вработени ни даде по 30.000 денари, а на 24 мина по 5.000 денари. Имаме уште за земање кој по околу 60.000 денари, кој по 90.000 денари. Но иако истекува рокот го нема да се јави да кажи што се случува. На минатата седница на пратенички прашања премиерот Заев одговори дека има 2 компании заинтересирани, ако не бидат тие Владата ќе реагира со пари од буџетот во висина од 3 милиони евра. Еве и тоа утре поминува и од тоа нема ништо“, вели Жарко Талески, поранешен вработен во Еурокомпозит.
Еурокомпозитовци велат дека на лагите му нема крај, нив не им преостанувало ништо друго освен да штрајкуваат по улиците.
„Три месеци сме заминати како технолошки виишок никој нема исконтактирано со нас, ниту претставникот на општествениот капитал, ниту Владата, ниту ракововодството на фирмата. Јас едноставно викам постојано дека ние сме отпишани. Чекаме, рокот поминува утре кој го ветии премиерот. Не лажат 2 години. По првата средба со премиерот ни беше ветено дека за 2-3 месеци комплетно ќе се реши прашањето, но еве поминаа 2 години ништо не се реши“, рече Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.
Поранешните вработени во оваа државна компанија велат дека се чувствувапе понижени и омаловажени
„Продолжуваме со протестите, за жал се уште решение нема, за да биде трагедијата уште поголема никој се нема воопшто јавено од никаде. Не игнорираат како да сме граѓани од втор или трет ред. Се чувствуваме омаловажени. Еве сега пред нас помина и градоначалникот, но ништо, наводно имал некоја делегација. Ние барањето му го однесовме на 5 февруари, рече дека ќе одел неделата што доаѓаше во Скопје ќе се видел со Заев и Анѓушев. Еве се уште го нема да се јави. Еурокомпозит е една од ретките фирми, кои што ем што работат без плата, здравство немаат, осигурување немаат, јас незнам дали има друга фирма која работи вака. А пази државна фирма. Сите рокови кои ги ветија поминаа. Премиерот вети дека проблемот ќе се реши до крајот на февруари. Наводно имало заинтересирани купувачи двајца, ако не склучил договор до тогаш, рече дека ќе одделел пари од буџетот за да се реши проблемот. Само така Еурокомпозит може да работи како фирма, да ни се платат придонесите на сите, да се одблокира сметката, друго решение нема“, истакна Пеце Вељаноски, поранешен вработен.
Еурокомпозитовци истакнаа дека деновиве планирале да одат со протести пред Влада.