Попладнево околу 14.30 часот голем пожар ја зафати куќата со број 18 на улицата „Ѓоре Ѓорески“ во населбата Типски куќи Прилеп. Од ТППЕ Прилеп истакнаа дека веднаш интервенирале со 5 противпожарни возила и 12 пожарникари.
„Во моментов пожарот е локализиран, но сеуште не е изгаснат. Се додека не се вратат екипите од терен не можам да дадам подетални информации“, истакна Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.
Според првичните и неофицијални информации пожарот започнал од кровната конструкција, гасењето на пожарот сеуште е во тек, и повеќе информации се очекува да се знаат подоцна.