ВИДЕО – Николоска : Ситуацијата со морбилите во Прилеп е под контрола

Од Центарот за јавно здравје во Припеп истакнаа дека ситуацијата со морбилите во Прилеп била под контрола. За секој нов случај кој се појавувал се вршела епидемиолошка анкета и се земале сите соодветни податоци.

 

 

„Се проверува вакциналниот статус на секој поединечно. Ние пуштивме списоци до сите здравствени работници и сите оние учителки по градинките кои се во контакт со деца. Ни помогна многу докторката Снежана Тошеска од школска вакцинација. Имаме увид кој од 1970 година до 1984 година се вакцинирани само со една доза на морбили. Сите пред 1970 година имаат прележано, што значи имата природен имунитет. А генерациите над 1984 си ги имаат двете дози на вакцини примено и не е никаков проблем. Јас уште еднаш повикувам без никакво плашење да примат вакцини, нама никакви нус појави. Што ако околу нас има луѓе кои се болни од различни хронични заболувања го загрозуваме нивниот живот и мислам дека е себично ако мислииме само на нас“, истакна Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи