Ел Чека објавува нови „бомби“

Facebook
Twitter
Email
Print

И додека СЈО ги анализира новите бомби кои вчера беа пуштени на социјалните мрежи, објавувачот Ел Чека кој живее во Чикаго, денес веќе објави нови.

 

За разлика од вчерашните бомби кои беа поврзани со случајот во „Диво насеље“, за кои Ел чека тврдеше дека ги добил од обвинетите лица и со кои, како што рече, го разголува ликот и делото на дел од раководството на ДУИ, при се покажува едно друго лице кое не е толку грижливо за патриотските чувства, за разлика од она што тие го претставуваат, денешните бомби се поврзани со Рамковниот договор. Објавувачот вели дека телефонските разговори се меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс министерот Муса Џафери.

 

МВР вчера информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле обвинителството.

 

„Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“, велат од МВР.

 

Не е јасно во кој период се одвиваат разговорите, но претпоставките се дека опфаќаат период од 2011 до 2014 година. Според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали.

 

Ова не е прв случај на интернет да бидат пуштани прислушувани разговори на политичари од опозицијата или власта. Во медиумите се шпекулираше дека прислушувани разговори освен на домашниот црн пазар, може да се најдат и надвор од границите на земјата.

 

Само во изминатиов месец од непознати профили во изборниот циклус беа објавени десетина прислушувани разговори. Последниот случај со пратеникот Павле Богоевски резултираше и со најавена оставка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи