Уапсен Боки 13

Facebook
Twitter
Email
Print

Неформалниот сопственик на 1 ТВ и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, е уапсен на граничниот премин Богородица и е задржан во полициска станица поради случај кој го води обвинителството за гонење на организиран криминал.

 

Според неофицијалните информации, Јовановски е уапсен на граничен премин при влез во земјава, а со него во полиција е задржано уште едно лице. Од обвинителството не откриваат за каков случај се работи и за попладнево најавија прес конференција.

 

Новинарот Бранко Героски минатиот месец објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари. Самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски.

 

Бојан Јовановски од минатата година е менаџер во 1 тв, каде како сопственик се јавува неговиот татко. Неодамна Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги покрена постапка за утврдување на вистинскиот сопственик на телевизијата 1ТВ во Скопје. Ваквата одлука на Агенцијата дојде откако неколку пати Бојан Јовановски, во оваа телевизија, но и на други медиуми изјави дека е сопственик на телевизијата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи