Гордоста на Прилеп, ФК Победа, се наоѓа пред згаснување. Клубот кој сега е во втора лига должи 9 милиони денари, има блокирана сметка, а нема ниту играчи, ниту тренер. 5-те мина акционери се откажаа од спонзорство и ги продаваат акциите за по 1 евра, но и тие никој не сака да ги купи. Од еден од најголемите македонски клубови, Победа сега се наоѓа во безизлез.
Во обид да помогне да не згасне клубот градоначалникот Илија Јованоски вети дека пред Советот на Општината ќе предложи да се одделат дополнителни средства за да се одблокира сметката.
„Ќе излезам со предлог до советниците на Општина Прилеп, каде што ќе побарам да се вложи дополнителна финансиска инекција за ФК Победа, за да може да ја одблокираме жиро сметката, за да може да функционира финансискиот дел, а со тоа да привлечеме и фудбалери кои во овој период најголем дел заминаа. Победа во овој момент нема ниту тренер, ова е жалосно“, истакна градоначалникот Јованоски.
Но засега не се знае колку ќе бидат тие средства, ниту дали ќе бидат доволни за опстанок на Победа, ако се знае дека ниту во кога Победа беше во прва лига работите не одеа како што треба, па камоли сега во втора.
„Затоа го правиме ово чекор за да Општината ја превземе улогата на почетен инвеститор за во иднина еве ги повикам и сите стопанственици и компании во рамките на своите можности да одделат средства за Победа, затоа што овој клуб нема да биде на Општината туку на градот“, додаде Јованоски.
Друг голем проблем за Победа е и неизградениот стадион. Општината ја покри со челична конструкција малата или северна трибина, а во моментов се работи на јужната трибина. Се очекувало до крајот на градежната сезона да се реконструира целиот стадион. Исто така се очекува и ФФМ да го исполни својот дел и до есен да го изгради теренот.
„Од кои причини за мене непознати и нераумни ФФМ се уште со компанијата од Бугарија со која има склучено договор работи премалку и преретко за да ја оспособи тревната површина за да се играат натпревари тука. Во понеделник имам состанок со претседателот на ФФМ токму на оваа тема“, истакна Јованоски.
И изведувачот компанијата „Изофаст“ ветува дека стадионот ќе биде готов до крајот на градежната сезона.
„Главниот дел од бетонските работи коии моментално се изведен на јужната триина се завршени 65 до 70%. Очекуваме до крајот на август да се завршат бетонските работи на јужната трибина. Паралелно се пристапува и на изведба на оградните ѕидови околку стадионот. Потоа се префрламе на ресторанот и ВИП ложата кои се наѓаат на малата трибина и до крајот на градежната сезона да се завршат сите работи“, рече Филип Иваноски, компанија „Изофаст“
Поранешните играчи на Победа го повикаа бизнис секторот да вложи средства во Победа за да таа не згасне. Се надеваат дека Победа повторно ќе го врати стариот сјај.
„Исто така сакам да напоменам и упаќам апел до сите бизнисмени да помогнат во сето ова што општината го има замислено. И мислам дека за брзо време Победа ќе застане на здрави нозе“, вели Благојче Дамески, поранешен фудбалер на Победа.
„Треба една активност на спорстка линија и да се донесат квалитетни играчи за да се помине оваа втора лига и да не се размислува само да се остане тука, туку да се обезбеди екипа која ќе биде прво место и до година да се врати во прва лига“, рече Круме Митрикески, поранешен фудбалер на Победа.
Дали Победа ќе опстои ќе покаже времето, но доколку не се најде приватен инвеститор залудни ќе бидат сите овие обиди на Општината преку вакви мали финансиски инекции да ја одржи во живот прилепската гордост која барем засега умира со забрзано темпо.