„Басни“ на Кирил Петрески во прилепскиот театар

Во театарот „Војдан Чернодрински“  се поставува „Басни“  претстава за деца , во режија на Кирил Петрески.

 

„Претставата е за деца која што како тема ги има басните. Басната е една од најстарите литературни родови. Верувам дека неа ја сакаат сите. Децата, младите, но и возрасните луѓе. Во неа тие пронаоѓаат метафора на своето детство. Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се вистинските јунаци на бајките, но преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта и сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: „ Се зборува во вселената.“, а во една своја строфа вели: „Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат.“ Во претставата ќе бидат сместени басните на неколку автори.  Творецот или „таткото на басната“ Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој што во своите записи од македонското народно творештво има сместено „мали приказни за животни“, како што тој ги нарекува“, вели режисерот Кирил Петрески.

 

Ќе играат Катерина Чакмакоска – Клинческа, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска – Ачански, Михајло Миленкоски, Александар Тодески и младата Надица Ѓорѓијоска.

 

Сценографија и костимите се на  Александар Џинго, музиката е на Томе Темелкоски.

 

Премиерата на претставата е планирана за крајот на ноември.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи