Традиционално моторџиско новогодишно дружење на „Sons of Thunders MC“ во Прилеп

Мото клубот „Sons of Thunders MC“ од Прилеп го направи своето традиционално моторџиско новогодишно дружење на плоштадот „Александрија“.  Оваа дружба значи и почеток на Новата Возна 2020 сезона.

 

„Ова дружење го правиме веќе со години наназад, веднаш по Нова година, се собираме сите членови на мото клубот на плоштадот „Александрија“. По дружбата на плоштадот имаме уште една традиција, одиме на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош, каде палиме свеќа за здравје и бериќет во новата година. Им благодариме на клубовите Lowlanders MC Chapter Prilep, МК Рисови Прилеп, Прилепските Мото Ветерани, сите моторџии, поддржувачи и пријатели за прекрасната дружбa која на крајот заврши во нашите клубски простории“, истакна за Инфо Компас Симеон Стојчески, претседател „Sons of Thunders MC“, кој додаде дека како клуб во иднина планираат организирање и на други интересни настани и манифестации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи