ВИДЕО – Започна реконструкцијата на бул. „Гоце Делчев“ – повеќе нема да има паркинг, по цела должина ќе има велосипедска патека

Започна долгонајавуваната реконструкција на главната сообраќајна артерија во Прилеп, булеварот „Гоце Делчев“. Истиот ќе биде реконструиран во должина до 560 метра, од потегот на  раскрсницата со улицата „Браќа Ламески“, кај споменикот Карпалак па се до маркетот „Тинекс“. Освен булеварот ќе се реконструира и улицата „Прилепски бранители“ во должина од 280 метри започнувајќи од раскрсницата кај поранешна Градска кафеана па се до кружниот тек кај Поштата. Изведувач на работите е компанијата „Изофас“.

 

 

„Булеварот ќе има две коловозни ленти во едниот правец и две во другиот правец, меѓусебно одделени со зелен појас во кој ќе биде поставено осветлувањето, додека улицата „Прилепски бранители“ ќе има три коловозни ленти. Нема повеќе да има паркирање на булеварот. Постојните дрвореди од двете страни на булеварот ќе останат, ќе бидат изградени велосипедски патеки, пешачките зони, односно тротоарите ќе бидат обновени со гранитни плочки, а за безбедно движење на слепите лица, ќе бидат поставени тактилни траки. Висината на одделените средства за овој проект изнесува 60.585.000 денари, а градежните активности ќе завршат до крајот на летото“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

 

 

 

 

 

 

Со цел обезбедување на доволен број на паркинг места, на просторот помеѓу зградата на Општина Прилеп и поштата, ќе бидела изградена монтажна гаража на два ката. Но за тоа се чекал новиот ДУП.

 

Златко Талески, раководен инженер на изведувачот на работите „Изофас“ рече дека постојното осветлување од левата и десната страна на булеварот ќе биде заменето со централно осветлување и дека тактилните траки за слепите лица, кои за прв пат се поставуваат во Прилеп, ќе бидат поставени на патеката за пешаците.

 

„Исто така, за прв пат во градот ќе биде поставена хоризонтална сигнализација која ќе има осветлување на долниот дел од пешачките зебри, со светлечки семафори. Ние максимално ќе се посветиме да биде спроведено се’ што е предвидено со проектот, така што центарот на градот ќе добие убав лик“, напомена Талески.

 

Бидејќи реконструкцијата на булеварот нема да заврши до почетокот на Пиво фест се отвора прашањето дали можеби годинава овој Фестивал ќе се одржи на друга локација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи