ВИДЕО – Тркалезна маса на мрежата на ЛАГ-ови во Битола за зајакнување на соработката меѓу јавниот и граѓанскиот сектор за поголема заштита на животната средина

Сојуз на здруженија за рурален развој Мрежа на ЛАГови од септември 2019 го спроведува проектот „Заедно за заштита на животна средина“.

 

 

Главни цели на проектот се:

 

– Зајакнување на  соработката со општинскиот и граѓанскиот придонес во формулирање, насочување и оценување на политики, стратешки планови, акциони планови, правни инструменти и  програми за заштита на животна средина во општина Битола

 

– Воспоставување и зајакнување на општинските и граѓанските капацитети, координација, механизми и политики за одржливо управување со природните ресурси и екосистем

 

Во рамките на проектот реализирани се следниве активности:

 

– Потпишување на меморандум за сораобтка со граѓански оранизации од Битола кои работат во областа на животна среидна

 

– Одржување на тркалезни маси за креирање на препораки кои ќе бидат доставени до општина Битола како надградба на Програма за заштита на животна средина за 2020 година

 

– Информативни средби за помагање на општинскиот  персонал во ревидирање, финализирање и одобрување на поднесената препораки за  Програмата за заштита на животна средина за 2020 година

 

Денес се одржа втората тркалезна маса со претставници на Мрежата на ЛАГови и претставници на граѓански организации кои работат во областа на животна средина во општина Битола. На средбата беше дискутирано за предлог мерки и препораки за животна средина во Битола.

 

Главна цел на предлог мерките за  Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Општина Битола подготвена од граѓанскиот сектор е зајакнување на соработката помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор и поактивно вкчучување на граѓанскиот сектор во  постигнување на повисок степен на разрешување на состојбите во сферата на животната средина и заштита и зачувување на животната средина, во рамките на законските надлежности, а со тоа и заштита на здравјето и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

 

„Мрежата на ЛАГ-ови денес во Битола ја одржа својата втора тркалезна маса на која што всушност се дискутираше за предлог мерките и препораките, кои што дополнително ќе бидат испратени до Општина Битола. Главна цел на оваа втора тркалезна маса беше да се зајакне соработката и комуникацијата меѓу јавниот и граѓанскиот сектор со тоа што граѓанскиот сектор од полето на заштита на животна средина кои што работат во општина Битола, се вклучи целосно во давањето на мерки и препораки за заштита на животната средина и подобрување на условите на животната средина во општина Битола. Ова е прва мрежа која што воопшто е формирана во општина Битола, од граѓански организации кои што работат на заштита на животната средина и оваа прва мрежа понатаму ќе претставува основа за сите мерки, предлози и препораки кои што ќе бидат составени до општината. Оваа активност е во рамките на проектот „Заедно за заштита на животна средина“, кој што го спроведува Мрежата на ЛАГ-ови, а која што се однесува конкретно само на општина Битола. Денес беа присутни претставници на граѓанските организации од различните организации кои се всушност дел од мрежата, кои го дадоа целосно својот придонес во предлог мерките и препораките за заштита на животната средина и подобрување на условите за заштитата на животната средина во општина Битола. Документот кој што ќе биде испратен дополнително до Општината всушност се однесува на неколку главни области и тоа заштита на воздух, вода, почва, прилагодување и усогласување на климатски промени, како и едукација и зголемување на јавната свест за заштитата на животната средина“, истакна Даниела Цветаноска, ЛАГ Агро Лидер.

 

Со предлог мерките се предвидени активности чија реализација треба да го унапреди квалитетот на воздухот, водите и почвата, да ги заштити, уреди и унапреди заштитените подрачја и да ја подигне јавната свест.

 

Предлог мерките и препораките се поделени на: Заштита на амбиентниот воздух; Заштита од бучава; Заштита на водите; Заштита на почвите; Реализација на мерки од Стратегијата за намалување и прилагодување на климатските промени; Изработка на Зелен катастар на општина Битола; Подигање на јавната свест за значењето на животната средина; Едукација; Поголема соработка со бизнис секторот особено индустриите регистрирани како загадувачи; Интегрирани проекти за заштита на животната средина.

 

Документот ќе биде испратен и презентиран пред одделението за животна средина во општина Битола и Советот на општината.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи