ВИДЕО – Пелагонија слепо црево со децении, лажни ветувања на политичарите, бизнисмените бараат итно автопатско поврзување со Скопје

Бизнис секторот од Прилеп бара итно автопатско поврзување на Пелагонија со Скопје. Велат дека целиот овој регион во изминативе 27 години останал слепо црево во државата само со празни ветувања од политичарите на секои избори. И додека другите региони во државава како што се штипскиот и гостиварско тетовскииот се поврзаја со автопати, а Кичево-Охрид се градии, инфраструктурата во Пелагонија останува само на хартија. Постоечкиот пат Прилеп Скопје, преку Плетвар е единствен пат кој ја поврзува Источна со Западна Македониија, а е во крајно лоша состојба.

 

 

Време е, стварно е време после 27 години да ја поврзиме Пелагонија со остатокот на нашата земја и со она што значи нашите комшии. Во овој момент мора да декларираме дека сме изолирани, многу човечки животи се изгубени, а за мене не постои вредност, никаква економска вредност, ниту еден човеков живот и мора да се фокусираме малку да ја вратиме Пелагонија онаму каде што беше“, истакна Ирена Јакимоска, претседателка на Регионална стопнака комора.

 

Деновиве бевме во можност да слушнеме дека по којзнае кој пат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ветуваат автопатско поврзаување на Битола и Прилеп со Скопје.

 

„Се работи за определба која што останува на државата во делот на автопатските решенија, би ја нарекол скоро единствена од ваков обем. Се работи за проект некаде вреден над 600 милиони евра“, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ.

 

„Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор, односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп, па се до Битола, кое е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и 1 милион граѓани“, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Инаку изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско од Дреново до Фариш е стопирана откако Владата го раскина договорот со шпанската компанијаРубау. Сега се чека распишување на нов тендер, а од Владата подолг период најавуваат и започнувавње на реконструкција на веќе постоечкиот пат која што требало да започне наскоро.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи