Апел за помош: Мајка од Крушево се бори за својот живот откако ја каснал инсект


Младата крушевчанка Ирена Богданоска од понеделникот е во кома, откако ја каснал инсект и се наоѓа во приватна болница во Скопје, каде се бори за живот.

Лекувањето чини 1.500 евра дневно, нешто што нејзиното семејство не може да си го дозволи и отворена е донација на социјалните мрежи за Богданоска да оздрави и повторно да се врати кај нејзиниот сопруг и двете дечиња.

„Состојбата со мојата Ирена е многу лоша. Без размислување ја пренесовме во Систина, каде цела болница се бори за нејзиниот живот. Ја касна некаков инсект и за една минута падна во кома. Ги замолувам сите кои можат да донираат, за Ирена да ни се врати повторно дома“, истакна нејзиниот сопруг.

Сите заинтересирани и хумани граѓани, можат да донираат на сметката на нејзиниот сопруг

Трансакциска сметка: 200002068391811

Банка: Стопанска Банка

Име: Веле Богдановски

или пак на следниот ЛИНК

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира