„Дозимери“ – изложба од Драган Верговски – Алпи во Цепенков

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 17 април 2026 од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи.

Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле….

„Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски“, вели авторот Драган Верговски – Алпи.

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски.

Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира