Нова серија акции на прилепската шумска полиција, одземени шпедитери, тракторска приколка и дрва

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Шумската полиција од Прилеп продолжува со засилените контроли на теренот, при што во неколку одделни акции во изминатите денови откри и одзеде вкупно 7,10 м³ дрвна маса, како и средства употребени за нејзин транспорт.

На ден 22.11.2026 година, во 17:00 часот, во атарот на с. Небрегово, пронајдени и одземени се 2 м³ зелени дабови огревни дрва.

Истиот ден, во 18:00 часот, во с. Канатларци, при обид за контрола на трактор со приколка натоварена со 2,10 м³ кисело дрво (Ailanthus altissima), лицето кое управувало со тракторот ја зголемило брзината и се обидело да избега. При бегството ја откачило приколката и со тракторот се оддалечило во непознат правец. Тракторската приколка заедно со дрвната маса е одземена.

 

 

 

 

На 25.11.2026 година, во 18:30 часот, на м.в. Поводеници, одземен е уште еден шпедитер натоварен со 1 м³ оревови дрва.

Во текот на ноќта, на 26.11.2026 година, точно на полноќ, во близина на оранжериите, затекнати се лица при бесправен транспорт на зелени багремови дрва, со два шпедитери натоварени со по 1 м³ дрвна маса.

 

 

Сите пронајдени дрва, како и средствата употребени за нивниот транспорт, се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ! Шумската полиција Прилеп ги повикува граѓаните да бидат охрабрени и да пријавуваат секоја сомнителна активност поврзана со бесправна сеча, транспорт и складирање на дрвна маса. Вашата соработка е од огромно значење. Само заеднички можеме да ги зачуваме шумите и природните богатства за идните генерации. Шумската полиција продолжува со неселективни и засилени контроли – заштитата на шумите е наша заедничка одговорност!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци