Велешанецот кај кого е регистриран делта сој на ковид-19 се вратил од Англија пред 2 недели


Четириесет и тригодишниот пациент од Велес, кај кого е регистриран делта сојот на ковид-19, се вратил од Англија пред 2 недели.

„Лицето е вратено од Англија пред две недели, а хоспитализиран е седум дена на Инфективното одделение. Пациентот е со полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка“,  рече д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Болницата.

43-годишникот е единствен пациент кој е хоспитализиран како позитивен на велешкото Инфективно одделение. Во Велес има уште еден активен случај на ковид-19, според податоците на Институтот за јавно здравје.

Досега во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира